Преглед на вестите од светот
Иран почна еднонеелна јавна жалост и погребни церемонии за својот поранешен врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, повеќе од четири месеци откако беше убиен во нападите што ги почнаа САД и Израел. Ковчегот со неговото тело е изложен во големата џамија Имам Хомеини во Техеран а илајдници луѓе се собраа пред џамијата за да му оддат последна почит.
- Никогаш не замислувавме дека еден ден ќе присуствуваме на ваква церемонија. Отсекогаш посакувавме ние да бидеме оние што ќе ги жртвуваат своите животи за нашиот (врховен) лидер, но наместо тоа, нашиот лидер стана првиот што се жртвуваше за Иран. Всушност, токму нашиот лидер нè научи што навистина значи саможртвата.“
Покрај, Техеран настани во чест на ајатолахот ќе има и во сите други поголеми градови. Хамнеи ќе биде погребан во неговиот роден град Махшад на 9 јули. Се очекува на настаните да присуствуваат милиони граѓани, како и официјални делегации од околу 30 држави. Преговорите меѓу Иран и САД во Доха привремено се ставени во мирување додека трае националното простување со поранешниот врховен лидер.
Украинските сили дефинитивно ќе се одмаздат за рускиот воздушен напад врз Киев во кој најмалку 30 лица беа убиени во ноќта помегу среда и четврток порача Зеленски. Украинскиот претседтел изјави дека бројот на повредени надминал 90, десет луѓе се водат како исчезнати а повеке од 100 станбени згради се оштетени во нападот, кој Москва го окарактериза како одмзда за укрианските удари врз руските рафиенерии. Шефицата на еврпската диплоамтија Каја Калас најави нови санкции против Русија поради нападот додека Обединетите нации повторно повикаа на прекин на огнот.
- Сите напади врз цивили и цивилна инфрастрктура, каде и да се случуваат, се јасно кршење на меѓунаордното хуманитрано право и мора веднаш да запрат. Генералниот секретар го повторува својот апел за итна деескалација, што ќе доведе до целосно, непосредно и безусловно прекинување на огнот, изајви Стефан Дујарик, портпарол на ООН.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
