Преглед на вестите од светот
Руски ракети и беспилотни летала го погодија Киев рано утрово , убивајќи најмалку 16 лица и сериозно оштетувајќи станбени блокови, соопштија градските власти.
- Уште еден масовен напад, Циркони, Шахеди, балистика. Непријателот ги користи сите расположливи средства за да го уништи нашиот град изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
Министерството за одбрана на Русија известува дека ги нападнале одбранбената индустријата и енергетските претпријатија во Киев како одмаза на засилените украинските наапди врз електрани и енергетски објекти на руска територија.
Ова е втор руски напад врз главниот град на Украина за помалку од една недела Во тој напад загинаа 30 лица. Украинскиот претседтаел Зеленски ги повика сојузниците да донесат јасни и цврсти одлуку за поддршка на украинсската противоздушна одбрана на самотот на НАТО кој ќе се одржи утре и задутре во Анкара. Покрај подршкаат за Укриана, на самито ке се разговара и за европската одбрана и новите безбедосни предизвици.
Нашето главно очекување од самитот е постигнување резултати што ќе ја зајакнат солидарноста и единството на алијансата, земајќи ги предвид чувствителноста на националната безбедност на сојузниците .Ако сакаме да се бориме против предизвиците со кои се соочуваме, треба праведно и рамноправно да го поделиме товарот меѓу сојузниците, а воедно да ги отстраниме пречките пред трговијата во одбранбената индустрија, изјави Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција.
Белата куќа, во мегувреме, објави дека Трамп и Зеленски ке имаат средба за време на нато самитот.
Облак од токсичен чад создаден од големиот пожар во индустриската зона Ореокастро кај Солун ,поради силните ветрови се прошири низ Грција и стигна до западните делови на Атика и Коринтија на Пелопонез поради соопштија грчките власти. Објавија дека внимателно ја следат ситуацијата и преку системот за итни случаи 112 издадо препораки - Затворање на прозорците во домовите во Солун, Атика и Пелопонез.,Ограничување на движењето на отворено за ранливите групи, особено децата и хронично болните Грчката полиација власти приведоа 76-годишен маж, кој е осомничен дека го предизвикал пожарот во индустриската зона во саботата вчерта . Огнот проголта фабрика за хартија, пластика и погон за рециклирање
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
