Преглед на вестите од светот
Грчката Цивилната заштита го активираше системот 112 и испрати СМС-предупредувања до граѓаните и туристите. Најкритичната ситуација се очекува од денеска попладне до сабота наутро, особено на популарните дестинации како што се Халкидики, Олимпискиот регион, Солун и островот Тасос Во Грција е на сила предупредување за вонредна состојба поради опасни временски услови донесени од циклон со обилни врнежи од дожд, грмежи и силни бури. Главниот удар се очекува од денеска попладне до сабота наутро.
Пламените јазици густ чад и десетици илјади луѓе принудени да ги напуштат своите домови. Ова е драматичната слика од Шпанија и Франција, каде противпожарните екипи деноноќно водат борба со огната стихија. Во Шпанија, повеќе од 10.000 луѓе беа итно евакуирани од четири населени места во близина на Мадрид и во соседната провинција Авила. Поради истовременото избувнување на десетици пожари и екстремните жештини, шпанската влада донесе одлука за првпат во историјата е прогласена вонредна состојба на национално ниво поради шумски пожар. Земјата побара активирање на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија, по што се очекува дополнителна помош, меѓу која и два противпожарни авиони од Хрватска, два „ертрактори“ од Португалија и два хеликоптери „блек хок“ од Чешка и Словачка.
Според министерката за животна средина, Сара Агесен, од почетокот на годинава се регистрирани над 29 големи пожари кои веќе пеплосаа површина пет пати поголема во споредба со истиот период минатата година. Под еднакво голем притисок е и Франција. Во департманот Жиронд, пожарот што започна во Сомос веќе уништи над 10.000 хектари шума. Властите наредија целосна евакуација на познатиот туристички полуостров Кап Фере на Атлантскиот Океан, кој во овој шпиц на сезоната е преполн со туристи. Поради силното интензивирање на пожарите, францускиот претседател Емануел Макрон побара активирање на европските механизми за помош.
Технолошкиот гигант за производство на автономни возила и роботи, Тесла загуби речиси 15% од вредноста. Компанијата на најбогатиот човек во светот, Илон Маск загуби над 200 милијарди долари во еден ден. Ова ја покрена спиралата на американските берзи, па значителен пад бележи и Алфабет, компанијата која стои зад Гугл.
Ова беше причина за пад на главните индекси кои ја движат американската економија, како што се „S&P 500“,ес ен пи фајфхандрид, дауџонс, и насдак „Dow Jones“ и „Nasdaq“ чија вредност падна помеѓу 1 и 2 проценти.
Како причина за падот се прекумерните трошоци за вештачка интелигенција. Само годинава најголемите 10 компании во САД кои развиваат вештачка интелигенција проектираа инвестиции од 750 милијарди долари во дата-центри. Но овие големи инвестиции засега не генерираат профити како што првично планираа самите техонолошки гиганти.
Нафтата Брент порасна за 7% и ја надмина границата од 100 долари за барел, по нападите врз саудиски танкери во Црвеното Море и заканите од американскиот претседател Доналд Трамп за бомбардирање на иранската инфраструктура.
Притисокот дополнително се зголеми откако Белата куќа воведе нови царини од 10% и 12,5% за 60 трговски партнери, меѓу кои се Европската Унија и Кина. Официјален Пекинг денеска експресно ги осуди новите американски давачки.
„Позицијата на Кина во однос на економските и трговските прашања меѓу Кина и Соединетите Држави е конзистентна и јасна. Се спротивставуваме на сите облици на еднострани царински мерки. Царинската или трговската војна не е во ничиј интерес.“
Истовремено, под голем притисок е и Отава. Канадскиот премиер Марк Карни потврди дека се интензивираат преговорите со Вашингтон пред рокот во август, но и дека Канада е подготвена за сите сценарија, вклучувајќи и противмерки.
„Во сите околности, без оглед на исходот од тие преговори, Канада ќе направи сè што е потребно за да ја изгради нашата сила дома и да ги поддржи канадските семејства, работници, земјоделци и бизниси. Подготвени сме. Доколку нема договор пред 19 август, сè е ставено на маса.“
Аналитичарите предупредуваат дека геополитичките тензии на Блискиот Исток и истовременото отворање трговски конфликти со Кина и Канада ќе ја одржуваат високата нестабилност на берзите и во наредниот период.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
