Преглед на вестите од светот
Колумбија прогласи вонредна економска состојба, за да се обезбедат дополнитесни финансии по разорниот земјотрес во понеделникот од 7,4 степени по Рихтер. Според проценките, до сега загинаа над 250 лица, но спасувачите и натаму трагаат по преживеани
„Дознавме дека зградата се урнала. Тука сме уште од самиот почеток. Моментално имаме пријавено дека 11 лица се живи. Спасувачките операции се во тек. Имаме 26 лица кои сè уште не се пронајдени и очигледно се внатре во зградата. Што ни треба? Ве молиме, не дозволувајте повеќе луѓе да доаѓаат. Сите вратете се. Треба да донесете ламби - осветлување за ноќта. Ни требаат јажиња. Веќе имаме доволно вода. И сè уште ги бараме другите 26 лица. Ви благодариме.“
„Ни треба групите да работат многу добро за да можеме да спасуваме луѓе. Ни треба лична заштитна опрема, ракавици, очила, шлемови, маски и сите материјали што луѓето ги користат во секојдневниот живот.“
Одлуката за воведувањето вонредна економска состојба се носи за да може владата да презема вонредни мерки за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес. Пари ќе се бараат со задолжување, прераспредлба на буџетски средства и намалување на дел од расходите во буџетот. Евроспката Унија соопшти дека обзезбедила 2 милиони евра за помош на Колумбија.
Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека минатиот месец, непосредно пред полетувањето од Турција, бил префрлен во друг авион по инструкции на Тајнатa служба.
„Тоа зависи само од Тајната служба. Јас само правам она што тие сакаат да се направи и ги следам нивните упатства и упатствата на војската“, рече Трамп.
На 8 јули на пистата на аеродромот во Анкара, Трамп бил тајно префрлен од претседателскиот во воен авион. Промената била извршена со помош на камион за кетеринг, откако американските разузнавачки служби добиле информации за можен заговор поврзан со Иран и неговоите посредници за евентуален ракетен напад врз авионот со кој Трамп требал да ја напушти Турција.
„Имам многу закани. Имам многу закани за кои вие не знаете. Секој претседател со последици има многу закани. Претседателите без последици не добиваат закани. И мислам дека јас можеби сум најзначајниот претседател. Бидејќи никој не направил повеќе од мене во период од речиси шест години. Нема никој.“
Целосно затемнување на Сонцето вечерва ќе помине над дел од Европа. Феноменот каде Месечината во целост го покрива Сонцето и денот го претвора во ноќ, ќе биде највидлив во Шпанија и Исланд. Туристи веќе ги преплавија местата од каде погледот ќе биде најдобар, додека трговците тријат раце – цените во некои хотели од 120 сега чинат по 900 евра за ноќ, а полуксузните се издаваат и за 5 илјади евра. Сепак посетителите се воодушевени.
„Гледањето на целосно затемнување на сонцето ми беше сон многу, многу години и не сакав да ја пропуштам шансата да го доживеам, иако тоа значеше седумчасовно патување. Имаме среќа што ќе се случува две години по ред во Шпанија, но може да помине многу време пред да се случи повторно, па затоа дефинитивно вреди да се посетат одредените места за гледање за да се види.
„Планиравме да дојдеме токму во овој дел од Шпанија за да го видиме затемнувањето бидејќи тоа е место каде што можеме да го видиме во целост, а пред сè, времето е одлично, идеално, всушност, бидејќи додека остатокот од Европа е многу жешко, тука е свежо. Ноќе мора да спиеме под ќебе, па затоа е апсолутно прекрасно. Околината и пејзажот се фантастични и сите се забавуваме одлично.“
„Се надевам дека ќе видам целосен мрак 1 минута и 30 секунди. Ќе ги видиме птиците повторно како пеат, животот ќе започне одново штом ќе заврши затемнувањето.“
Затемнувањето во Шпанија е прво по над 120 години, додека во Исланд последното целосно затемнување се случило во 1954 та година. Феноменот ќе се случи непосредно пред зајдисонце , каде Сонцето ќе изгледа поголемо од вообичаеното и ќе биде ниско над западниот хоризнот. Иако Македонија нема да биде на патот на целосно затемнување на Сонцето, сепак, ќе може делумо да се види. Помрачувањето ќе биде видливо од Скопје околу 19:29 часот, макисмумот ќе биде во 19:36, а ќе заврши во 19:39 часот.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
