Преглед на вестите од светот
Дрон потопи брод покрај бугарскиот брег, изјави бугарскиот премиер Румен Радев, а екипажот е успешно донесен во пристаништето во Варна, а пет членови имале полесни повреди.
„Вечерва, Република Бугарија спроведува итна операција за пребарување и спасување на брод во неволја во Црното Море. Сигнал за помош беше примен во 1:30 часот наутро во врска со брод лоциран 18 милји источно од Бјала. Центарот за поморско спасување во Варна веднаш реагираше. Според екипажот, бродот бил погоден од три воздушни дронови - удари што влијаеле и на палубата и на трупот. Нашите средства и персонал за итно спасување веднаш пружија помош. Граничната полиција го спаси целиот екипаж, составен од седум украински државјани и осум азербејџански државјани. Бродот е „Челзи 3“, брод во украинска сопственост регистриран во Одеса и плови под малтешко знаме.“
Руски напади со беспилотни летала го погодија украинскиот град Харков во неколку бранови во понеделникот вечерта, предизвикувајќи пожари и повредувајќи жители, додека екипите за итни случаи работеа цела ноќ за да ги спасат луѓето заробени внатре.
Според градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, во нападите загинале три лица.
Украинските служби за итни случаи соопштија дека 11 лица се повредени во вечерните напади, вклучувајќи еден удар што предизвика уривање на влез во станбена зграда.
Во понатамошните напади наутро беа повредени уште најмалку 22 лица.
Воз што патувал од Одеса до Киев бил принуден да направи итно запирање поради заканата од воздушни напади во понеделник, а патниците се симнале за да се засолнат.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, истиот ден изјави дека нападот врз украинската престолнина резултирал со две агинати лица и 20-тина повредени.
Руските напади врз Киев и другите украински градови, претходно извршени главно ноќе, сега го нарушуваат секојдневниот живот практично 24 часа на ден.
Русија и САД во моментов водат преговори за снабдување со дизел меѓу нивните енергетски оддели и компании, изјави во понеделник рускиот вицепремиер Александар Новак.
Тој изјави дека руската влада издала декрет со кој се дозволува извоз на дизел на глобалните пазари, вклучувајќи ги и САД, во согласност со договорот меѓу Путин и Трамп.
Новак процени дека до крајот на 2026 година, Русија ќе биде способна да извезува од 3 милиони до 3,5 милиони тони дизел месечно на глобалниот пазар.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
