Преглед на вестите од светот
Европа е под силен бран протести.
По Албанија, Франција и Шпанија, затегнување на мерките најавува и Италија.
По жестоките улични судири во Милано, Торино и Болоња, премиерката Џорџа Мелони најави вонредна уредба за јавен ред.
Италија испраќа 500 дополнителни војници во Милано со привремени полициски овластувања.
Се разгледува продолжување на превентивниот притвор до 24 часа за сите, вклучително и за малолетници, задолжително апсење за вандализам и грабежи, како и одземање на правото за државјанство на странски државјани кои учествуваат во нереди.
Бранот се шири и во Грција.
Студентите попладнево поставуваат шаторски камп на синтагма во Атина против високите трошоци за живот, а најавен е и национален штрајк на професорите.
Во Тирана, во студентските протести веќе се повредени над 300 лица, меѓу кои 191 полицаец.
Премиерот Еди Рама најави итни мерки против одговорните.
Во Париз, каде се уапсени над 2.500 лица, а штетите се мерат во стотици милиони евра, властите воведоа ноќен полициски час и не ја исклучуваат можноста за целосна забрана за движење.
Поради сериозноста на ситуацијата, странските амбасади, меѓу кои и оние на САД, Кина и Германија, издадоа безбедносни предупредувања за своите граѓани.
Претседателот Доналд Трамп коментирајќи ја ситуацијата со протестите обвини дека за нередите се заслужни имигрантите за кои тој постојано како што вели ги предупредувал европските лидери.
Во ноќен руски воздушен напад загинале три лица а уште шест биле повредени во киевската област.
Руските сили погодиле производствен и складишен објект каде што подоцна пожарот бил изгаснат.
На видеото од Ројтерс се гледа како пожарникарите се обидуваат да го стават под контрола пожарот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски патува во норвешка на нови мировни разговори, додека расте американскиот притисок врз киев да направи отстапки за да се постигне договор со Русија.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
