Преглед на вестите од светот
Демонстрантите во Тирана фрлаа молотови коктели врз полицијата во синоќа за време на демонтрациите во кои се бара оставка на премиерот Еди Рама, а полицијата употреби водени топови за време на судирите. Демонстрантите запалија владини згради и банки, кршеа излози.
Насилните протести започна минатиот вторник и достигнакулминација во саботата кога илјадници луѓе се собраа пред Министерството за образование и фрлаа камења врз полицијата за немири, која одговори со солзавец, водени топови и гумени куршуми.
Францускиот град Марсеј воведе полициски час вторникот, а жителите и владата се надеваа на релативно мирна ноќ, по викендот со насилни протести низ Франција.Француската владата изјави дека полицискиот час претходно воведен во други области помогнал повторно да се воспостави контролата. Полициски час е воведен и во Париз.
Цените на европскиот природен гас го достигнаа највисокото ниво од декември 2022 година, бидејќи ноемвриските проекции на гасот се над 90 евра за мегават-час при дневното тргување во вторник, што означува голем скок од околу 32 евра пред избувнувањето на последниот конфликт на Блискиот Исток.
Местата за складирање на гас во ЕУ до понеделник беа полни 74,6 отсто, што е многу под просекот за овој период од годината. Со приближувањето на зимската грејна сезона, Европа се соочува со зголемен притисок да ги надополни резервите на гас.
Пазарните аналитичари велат дека конфликтот на Блискиот Исток го нарушил извозот на течен природен гас од Заливот. Како што се приближува зимата, зголемената побарувачка во Европа и Азија, веројатно ќе ги зголеми цените на природниот гас уште повеќе.
Иран во вторникот му соопшти на командантот на пакистанската армија дека нема да има преговори со Вашингтон сè додека не се исполнат барањата на Техеран, објавија иранските медиуми. Ова укажува на заострување на ставот на Иран, и покрај напорите за посредување од страна на Пакистан, кој игра клучна улога во тој процес.
Пакистан е клучен посредник меѓу САД и Иран. Претходните обиди за посредување доведоа до привремен мировен договор во јуни, но тој договор (познат како „Меморандум од Исламабад“) набрзо пропадна, откако само неколку недели подоцна повторно избија судири меѓу Иран и САД.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во вторникот ја повика Украина да склучи договор за крај на војната со Русија. Тој изјавата ја даде пред новинарите во Овалната соба.
„Но, Украина мора да сака да склучи договор затоа што САД потрошија богатство, Европа потроши богатство. И Европа е уморна од тоа во моментов. Тие се уморни од тоа во моментов.
Пратеникот на Трамп, Стив Виткоф, беше во Осло, Норвешка, во вторник на разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски, во потрага по крај на четиригодишната инвазија на Русија во Украина.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
