Преглед на вестите од светот
Во собранието на Албанија дојде до жестоки судри и хаос откако опоцизијата се обиде да поднесе итни интерпелации со минситрите за внатрешни работи, енергетика и финансии, а владејачкото мнозинство тргна директно да гласа по точките од дневниот ред.
Тогаш опозициски пратеници предводени од Фламур Нока, се упатија кон местата каде што седат пратениците од владејачкото мнозинство за да им ги одземат картичките за гласање.
Ситуација премина во масовна тепачка кога опозицискиот пратеник Фидел Крека го скрши уредот за гласање и го турна Ервин Хоџа, поранешниот министер завнатрешни работи.
Паралелно со случувањата внатре во законодавниот дом, пред собраниската зграда се одвиваа масовни судири меѓу полицијата и демонстрантите.
Премерот Еди Рама и денеска ги отфрли повиците на студентите, унивезетите наставцниите и други грагани за негова оствака.
Повторни ги обвини домашната опозицијата и неименувани странски сили дека поттикнуваат насилни антивладини протести во Албанија со цел да да го попречат европскиот пат на земјата.
Во реакција на протестите во Албанија, Австрискиот европратеник, Томас Вајц се спротистави на изјавите на Рама дека протестите го загрозуваат членството на земјата во Европската Унија.
„Еди Рама вели демонстрантите го загрозуваат членството на Албанија во ЕУ. Протестирањето за инситуции кои имаат капацитет и волја да се борат против корпуција е проевропско. Проетстирањсето за квалително обравонаие е проевропско. Исто така, протестирање за соодветна заштита на природното наследство на Албанија е исто така проевропско. По 13 години на власт, Еди Рама им кажува на демонстрантите дека тие се ектремисти во рацете на странци и дека ќе ги откаже бесплатните стипендии и бесплатното образование. Тој фрла солзавец, користи водни топови. Сето ова е спротивно на европските вредности. Сите сакаме да ја видиме Албанија во ЕУ како правна држава, која ги почитува правата на граѓаните, ги штити прирордните области, ги слуша своите граѓани и го почитува нивното право на протест. Ова е европскиот пат и се надеваме дека Албанија ќе биде подготвена да го следи.“
По Украина и Русија го прифати предлогот на Соединетите држави за продолжување на тристраните мировни преговорите.
Новата рунда разговри ќе се одржи следниот месец а како локација е посочен Абу Даби.
„Нашиот претседател го информираше Стив Виткоф дека, во принцип, подготвени сме на 10 ноември да ги продолжиме споменатите трилатерални преговори за главното прашање. Тоа прашање се однесува на воспоставување безбедносна рамка за Русија и Украина по завршувањето на конфликтот“, изјави Јуриј Ушаков, советник во Кремљ.
Состојбата на теренот покажува дека најавите за обновување на преговорите немаат влијание на интензинетот на воените дејствија, при што Русија и Украина го продолжуваат нападите со исто темпо.
Украинските власти информираа дека најмалку едно лице загинало во нападите врз Киев а руското министерство за одбрана соопшти дека нивната противоздушна одбрана пресретнала околу 630 дронови кои се приближувале до Москва.
Во меѓувреме, Кремљ објави дека првиот руски танкер со 40.000 тони руски дизел испловил кон САД, како дел од договорт помегу Трамп и Путин за укинување на санкциите за рускиот дизел.
Договорот предизвика остри критики и незадоволство во Украина и ЕУ со аргумент дека обновувањето на приходите од руските енергеси директно ја финансира војната на Москва.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
