Loading Video...
Свет
26. October 2026 - 12:20

Преглед на вестите од светот

Заменик-секретарот на највисокото тело за безбедност на Иран, Али Бакери-Кани, денеска изјави дека високи функционери од земјите од Меканскиот пакт, Саудиска Арабија, Турција и Пакистан, ќе се сретнат со ирански функционери во Техеран за да разговараат за регионалната координација.

Планираните разговори ќе бидат првиот контакт на високо ниво меѓу Иран и сите членки на тринационалниот блок откако Саудиска Арабија се соочи со напади од Хутите од Јемен, кои се поврзани со Иран.

Иранскиот министер за надворешни работи вели дека рутите и управувањето на Ормускиот теснец нема да се вратат во ерата пред војната. Абас Арагчи, во неделата повтори дека администрацијата на Ормускиот теснец и рутите во водниот пат нема да бидат исти како што беа во минатото. Тој нагласи дека во Западна Азија се случиле „фундаментални и стратешки“ промени по војната меѓу САД и Израел против Иран.

Министерот нагласи дека безбедноста на регионот мора да биде обезбедена од регионалните земји и без потпирање на странски сили, нагласувајќи  дека Иран е подготвен да соработува со сите регионални земји.

Јуриј Ушаков, во неделата изјави дека Русија е подготвена да ги продолжи трилатералните преговори со САД и Украина по 4 ноември. Ушаков рече дека планираните трилатерални разговори ќе бидат само прелиминарни, контакти на експертско ниво и дека очекувањата не треба да се поставуваат превисоки. Сепак, ќе бидат потребни значителни напори од сите страни пред да се постигне мировен договор за украинското прашање, рече тој.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски истиот ден потврди дека САД, Русија и Украина планираат да одржат трилатерални работни разговори на техничко ниво во ноември.

Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, во неделата изјави дека трилатералните разговори во врска со украинското прашање ќе се одржат наскоро, иако не откри конкретен распоред. Тој истакна дека верува оти и Русија и Украина се подготвени да постигнат договор.