Loading Video...
Свет
15. May 2025 - 12:15

Преглед на вестите од светот

Во Истанбул денеска се одржуваат преговори за завршување на војната во Украина. И покрај најавите на средбата во Турција нема да присуствуваат рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп.

Трамп вчера изјави дека во Истанбул ќе отпатува само ако на преговорите присуствува Путин. Откако рускиот претседател изјави дека нема да присуствува на преговорите и Трамп изјави дека нема да патува за Турција. На состанокот ќе присуствуваат државниот секретар Марко Рубио и специјалните пратеници Стиф Виткоф и Кејтр Келог.

Додека претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа изјави дека ќе присуствува на преговорите во Истанбул, и дека Украина е подготвена на секаков формат на преговори и дека тие не се плашат од средби. Тој најави дека ќе се сретне и со турксиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Путин ги предложи директни преговори, а руската делегација ќе ја предводи неговиот советник Владимир Медински, а ќе бидат вклучени и заменик-министерот за надворешни работи Михаил Галужин и заменик министерот за одбрана Александар Фомин.

Во Истанбул во 2022 година беа одржани два дипломатски контакти со посредство на ОН и Турција. Првиот во март, кој најчесто се споменува во контекст на решавање на конфликтот, а вториот во јули, кога беше постигнат договорот за житото односно слободен извоз на житото од украинските пристаништа.

Најмалку 90 Палестинци загинаа, а десетици се ранети во израелските напади врз Појасот Газа во последните 24 часа, соопшти палестинското Министерство за здравство. Меѓу убиените има најмалку 22 деца. Министерството за здравство во Газа објави дека 2.799 Палестинци се убиени, а 7.805 се ранети откако Израел продолжи со нападите врз енклавата на 18 март.

Најмалку 21 лице загина и други десетци се повредени во сообраќајна несреќа на автопат што ги поврзува мексиканските држави Оахака и Пуебла. министерот за внатрешни работи на Пуебла, Самуел Агилар, изјави дека во несреќата учествувале три возила

Несреќата се случила кога камион за цемент, се обидувал да престигнува во спротивната лента и удрил во автобус и во комбе. Камионот паднал во клисурата и се запалил.

Возачот на Формула 1, Карлос Саинц, патеката од Формула 1 ја замени со црвениот тепих на Канскиот фестивал. 30-годишниот Шпанец кој вози за Вилијамс се појави во друштво актерката Ева Лонгорија и моделот Хајди Клум. Тројката беше во центарот на вниманието, а присуствуваа и на проекцијата на фрацускиот филм „Partir un jour”.