Loading Video...
Свет
16. May 2025 - 12:18

Преглед на вестите од светот

Во Истанбул денеска треба да се одржат тројни средби на претставници на Турците, Американците и Русите од една страна, како и на Турците, Американците и Украинците од друга страна, јавија синоќа извори блиски до турското Министерство за надворешни работи. На дневен ред се трипартитни преговори на САД, Украина и Турција, како и Русија, Украина и Турција. Не е сигурно дали состанокот ќе се одржи во четиристран формат (САД, Русија, Украина, Турција)“, додадоа истите извори. Украинскиот претседател Володимир Зеленски испрати украинска делегација во Истанбул на преговори со Русите, предводена од министерот за одбрана Рустем Умеров. Руската делегација ја предводи Владимир Медински помошник на Путин, што предизвика незадоволство и кај Украина и кај САД.

Експлозија беше забележана рано наутро на границата меѓу Израел и Газа и повеќекратни експлозии беа видени и слушнати во текот на ноќ. Во израелските напади загинаа најмалку 114 Палестинци во Газа во четвртокот според локалните здравствени власти. Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Вашингтон е вознемирен од хуманитарната ситуација во Газа. 

Тенковите на израелската армија зазедоа позиции во близина на границата со Газа во четвртокот. Повеќето од жртвите, вклучително и жени и деца, се убиени во Кан Јунис. 

Сирените се огласија низ Ерусалим и Тел Авив, додека израелската војска објави дека пресретнала ракета лансирана од Јемен кон нејзина територија.

Американскиот претседател Доналд Трамп присуствуваше на официјалната церемонија за пречек во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати, на последната станица од турнејата низ земјите од Персискиот залив, по посетата на Саудиска Арабија и Катар. Обединетите Арапски Емирати се заинтересирани да продолжат да соработуваат со САД за постигнување мир и стабилност во регионот. Претседателот на Емиратите  Ал Нахјан додаде дека односите меѓу двата долгогодишни безбедносни сојузници направиле „значаен скок напред“ откако Трамп ја презеде функцијата.

Тој рече дека ОАЕ, кои во март се обврзаа на 10-годишна инвестициска рамка од 1,4 трилиони долари во САД и сакаат да го прошират пријателството во корист на двете земји.