Loading Video...
Свет
23. May 2025 - 12:14

Преглед на вестите од светот

Околу 90 камиони испорачаа намирници, брашно, лекови и друга критична хуманитарна помош на повеќе дестинации во Газа, објави портпаролот на ОН Стефан Дуржак.

„Пратката е во ограничена во количина и ни приближно не е доволна за да ги задоволи обемот и опсегот на 2,1 милион жители на Газа“. Израел соопшти дека дозволил 100 камиони со храна за бебиња и медицинска опрема да влезат во енклавата во средата два дена откако го објави своето прво олеснување на ограничувањата под зголемен меѓународен притисок.

Израел во март воведе блокада на сите набавки, велејќи дека Хамас ги запленува испораките за своите борци - обвинение што групата го негира. ОН соопштија дека четвртина од 2,3 милиони жители на Газа се во опасност од глад.

Светската програма за храна на ОН соопшти дека само „неколку пекари“ во Газа повторно почнале да прават и дистрибуираат леб откако Израел дозволил камиони со помош да влезат во Појасот.

Сирени се слушнаа во неколку области на Израел утрово, а израелската војска соопшти дека пресретнала проектил лансиран од Јемен, чија цел била земјата, во последниот напад на јеменските милитанти Хути.

Тие продолжија да гаѓаат со проектили кон Израел, како што го опишуваат како чин на солидарност со Палестинците во Газа, иако тие се согласија да ги запрат нападите врз американските бродови. Групата не ја презеде одговорноста за лансирањето во петокот.

Хутите извршија десетици ракетни и беспилотни напади насочени кон Израел, од кои повеќето беа пресретнати или не успеаја, но еден го погоди и аеродромот Бен Гурион, што предизвика откажување на многу летови до и од Израел.

Администрацијата на Доналд Трамп соопшти дека го одзела правото на Харвард да запишува странски студенти по ескалацијата на борбата меѓу претседателот и престижниот универзитет.

„Со стапување во сила веднаш, сертификацијата за Програмата за студенти и посетители на размена на Универзитетот Харвард е одземена“, напиша министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем во писмо до институцијата од Ајви лигата, осврнувајќи се на главниот систем преку кој на странските студенти им е дозволено да студираат во САД.

Најмалку 15 куќи и повеќе возила изгореа откако мал авион се урна врз станбен кварт во Сан Диего, Калифорнија. Поради инцидентот евакуирани се жителите од неколку улици.

Американската Федерална администрација за авијација соопшти дека авион Цесна 550 се урна во близина на аеродром Монтгомери-Гибс. Сè уште е непознато колку луѓе имало во авионот, а исто така нема информација за евентуалниот број на жртви. Авионот може да пренесува 6-8 патници.