Loading Video...
Свет
12. јуни 2025 - 12:18

Преглед на вестите од светот

Српскиот претседател Александар Вучиќ присуствуваше во Одеса, Украина на регионален самит. Првпат лидерот кој е пријателски настроен кон Москва ја посети Украина за време на неговите 12 години на власт. Вучиќ во Украина беше на еден ден за да учествува на Самитот Украина-Југоисточна Европа. На самитот, чиј домаќин беше украинскиот претседател Володимир Зеленски, учествуваа и високи политичари од 12 земји од југоисточна Европа.

Иако Белград одби да се приклучи на западните санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина, тој ја осуди политиката на Москва во Обединетите нации и изрази поддршка за територијалниот интегритет на Украина. Официјален Белград ја призна Украина во целост, вклучувајќи ги и териториите кои Русија ги зазеде од 2014 година, додека Киев одби да ја признае независноста на Косово во 2008 година, поранешната јужна покраина на Србија.

Вучиќ не го потпиша документот, на кои потпис ставија земјите учеснички на Четвртиот самит Украина - Југоисточна Европа. Тие потпишаа декларација со која се повикува меѓународната заедница да ја зајакне поддршката за Украина и напорите за наоѓање дипломатски пат кон траен мир, но и да ги одржи и зајакне санкциите против Русија.

Полиција ги растера демонстрантите кои маршираа до градското собрание на Лос Анџелес во средата, додека траат протестите во градот веќе шести ден од демонстрациите кои беа главно мирни, но повремено пробиени со насилство. Речиси 1.000 демонстранти мирно маршираа низ центарот на градот кога полицијата ненадејно отвори оган со гумени куршуми.

Американските маринци ќе им се придружат на трупите на Националната гарда на улиците на Лос Анџелес во рок од два дена, соопштија официјални лица во средата, и ќе бидат овластени да приведат секој што се меша со офицерите за имиграција при рации или демонстранти кои се соочуваат со федерални агенти. Американскиот претседател Доналд Трамп нареди распоредување на маринците, а тоа предизвика национална дебата за употребата на војската на територијата на САД воедно протестите се проширија од Лос Анџелес во други големи градови, вклучително и Њујорк, Атланта и Чикаго.

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека се обидува да договори телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп поради големите протести што се одржуваат во тој град бидејќи дека сака Трамп „да ја разбере важноста на она што се случува во Лос Анџелес“.

Австриските власти бараат индиции зошто 21-годишен вооружен напаѓач застрела 10 луѓе во во неговото поранешно средно училиште, пред да се самоубие. Полицијата соопшти дека дејствувал сам, вооружен со пушка и пиштол. Австрија со едноминутно молчење во средата во 10 часот им оддаде почит на загинатите.

Полна месечина се издигна до Акропол. Полната месечина е типично позната како „Месечина на јагоди“ во месец јуни кога бобинките се зрели за берба. Античкиот храм, изграден во 5 век п.н.е., е популарно место за туристи и набљудувачи на месечината.