Преглед на вестите од светот
Сирените стануваат секојдневие за жителите на Изреал и на Иран, откако во текот на ноќта се слушаа нови ракетни проектили, а експлозии можеа да се видат и на небото над повеќето изреалески градови, како и во Иран.
Американскиот дека претседателот Доналд Трамп сериозно ја разгледува можноста САД да се приклучат во војната помеѓу Израел и Иран и да ги нападнат иранските нуклеарни објекти. Тоа би значело директен конфликт помеѓу САД и Иран. Трамп објави повеќе пораки на социјалните мрежи за Иран, а во една бара „БЕЗУСЛОВНО ПРЕДАВАЊЕ“. Исто така ги повика жителите на Техеран да се евакуираат.
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац повторно ги предупреди жителите на Техеран, кои живеат во близина на објектите на режимот да се евакуираат. Во меѓувреме, иранската државна новинска агенција ИРНА јави дека е започнат нов бран ракетни напади врз Израел. Проектили се истрелани врз различни делови на Израел. Израелските власти соопштија дека нема повредени лица, а дека најголем дел од проектилите биле пресретнати. И Израел денеска продолжи со нападите врз иранските воени и нуклеарни постројки. Во северниот дел на Техеран и во Исфахан одекнаа силни експлозии.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека е „најголемата закана“ за регионот на Блискиот Исток, во телефонски разговор со емирот на Катар. Ердоган нагласил дека „ќе продолжи со своите напори за ставање крај на спиралата на насилство и дека Нетанјаху уште еднаш покажа дека е најголемата закана за безбедноста на регионот“, според соопштение од претседателството.
На Кипар во Ларнака со брод за крстарење пристигнаа во средата илјадници патници кои останаа блокирани поради затворањето на воздушниот простор на Израел. Бродот ќе превезува патници и израелски граѓани кои се заглавени на Кипар, кон пристанишниот град Хаифа.
Иранците по завршувањето на аџилакот сега се принудени по копнен пат да се вратат дома, односно преку Ирак, додека пак странците кои се во Иран се евакуираат преку копнената граница Астара со Азербејџан, мал премин во југоисточен Азербејџан, е 7,5 часа возење од Техеран.
Авиокомпаниите се оддалечија од поголемиот дел од Блискиот Исток во петокот (13-ти јуни) откако израелските напади ги принудија авиопревозниците да откажат или пренасочат илјадници летови во најновиот пресврт за да патуваат во регионот.
Состанокот на Г7 во Кананаскис, Канада, заврши со едногласно мислење дека Иран не може да се здобие со нуклеарно оружје, но со несогласувања околу декларацијата за Украина. САД се спротивставија на заедничката изјава за Украина што би содржела строг јазик со кој ќе се осуди Русија. На состанокот учествуваа и лидери од други земји, како што се Мексико, Бразил, Австралија и Индија. На вториот ден од форумот на Г7 во Канада, пристигна и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Сепак, состанокот беше засенет од конфликтот на Блискиот Исток, што доведе до порано заминување на Трамп.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар