Loading Video...
Свет
10. July 2025 - 12:21

Преглед на вестите од светот

Два смртни случаи, 13 повредени и пожари во станбени и нестанбени згради утрово во Киев по нападите на руските беспилотни летала и ракети се упатија кон украинскиот главен град. Со стотици беспилотни летала и ракети кои ја оптоваруваа украинската воздушна одбрана беше извршен нападот во текот на ноќта. Има скршени прозорци, уништени фасади и изгорени автомобили. Властите на Киев соопштија дека е пријавена штета во шест од 10-те области на градот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог, во Рим откако Трамп вети дека ќе испрати повеќе одбранбено оружје во Киев. Двајцата ќе бидат дел и од конференцијата на денеска и утре посветена на закрепнувањето и долгорочната реконструкција на Украина по руската инвазија. Обидите на САД да ја прекинат војната во Украина преку дипломатија во голема мера се во застој, а во вторник Трамп упати невообичаено директни критики кон рускиот претседател Владимир Путин. Конференцијата во Рим главно е насочена кон мобилизирање на меѓународна поддршка за Украина. За реконструкцијата, закрепнувањето и модернизацијата на Украина ќе бидат потребни околу 500 милијарди евра повикувајќи се на проценките на Светската банка. Киев бара од Вашингтон да му продаде повеќе ракети и системи „Патриот“ што ги смета за клучни за одбрана на своите градови.

Знамињата беа спуштени на половина копје низ целиот Тексас во среда во чест на жртвите од катастрофалните поплави во кои загинаа најмалку 119, а така ќе останат до понеделник наутро. Бројката на исчезнати е повеќе од 170 лица што потенцијално значи дека и бројката на загинати би се зголемила, ова особено последните часови спасувачите и пребарувачите не пронајдоа ниту еден жив човек. Причината за поплавите е силниот дожд во кус период и зголемувањето на реката Гвадалупе за 9 метри.

Голем дел од луѓето што ги напуштија своите домови за време на шумскиот пожар во француски град Марсеј се вратија дома во среда за да ја проверат штетата. Шумскиот пожар изгоре најмалку 750 хектари, официјалните лица изјавија дека е под контрола, но предупредија дека може повторно да се разгори.

Медитеранските земји се во „жариште на шумски пожари“, велат научниците, со пожари вообичаени во топло и суво време кои станаа подеструктивни во последните години поради брзото менување на климата.