Преглед на вестите од светот
Русија лансираше нов арсенал од беспилотни летала и ракети кон Украина во ноќен напад во при што загина најмалку едно лице и предизвика повеќе пожари во главниот град Киев, соопштија градските власти. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека спасувачите и медицинските лица работат на локациите во четири области на главниот град. Станица на метрото во центарот на Киев, комерцијални објекти, продавници, куќи и градинка беа оштетени, соопштија градските власти. Ова беше уште една напната и бессона ноќ за жителите на Киев, многумина побрзаа да се засолнат во подземните станици. Експлозии се слушнаа низ целиот град додека единиците за воздушна одбрана беа вклучени во одбивањето на нападот.
американскиот претседател Доналд Трамп може да ја посети Кина пред да присуствува на самитот за Азиско-пацифичка соработка, што ќе се одржи од 30 октомври до 1 ноември во Јужна Кореја. Тој може да се сретне и со кинескиот претседател Си Џинпинг на маргините на настанот, на јужнокорејска територија, пишува „Саут Чајна Морнинг Пост“. Трамп повика на универзална основна царина од 10 отсто за стоки увезени од сите земји, со повисоки стапки за увоз од „најпроблематичните“ земји, вклучително и Кина. Увозот од таму сега се соочува со највисока царина од 55 отсто. Тој постави рок до 12 август за САД и Кина да постигнат траен договор за царините.
Неисхранетоста достигнува алармантни нивоа во воено разорениот Појас Газа, особено погодувајќи ги децата, предупредија Обединетите нации, осудувајќи го ограничениот пристап до хуманитарна помош за жителите на палестинската територија под изолација и израелски напади. Жителите, ОН и хуманитарните организации редовно објаснуваат дека исцрпувањето на залихите предизвикало нагло зголемување на цените на храната што малку ја има на пазарите во Газа. Светската програма за храна објави на почетокот на јули дека цената на брашното за леб била 3.000 пати повисока отколку пред војната.
Хуманитарната фондација Газа, која е поддржана од САД и Израел, неодамна за хуманитарната ситуација во Газа го обвини палестинското исламистичко движење Хамас, чиј напад на израелска територија на 7 октомври 2023 година ја предизвика војната. Агенцијата на ОН за бегалци (УНРВА) вчера соопшти дека има доволно храна за да нахрани повеќе од два милиони жители на Газа повеќе од три месеци, но не ѝ е дозволено да ја транспортира на територијата.
Соседните хрватски острови Шолта и Брач 16 години се борат секое лето за правото да го полагаат островчето Мрдуја, кое се наоѓа меѓу нив, а тоа го правата со еден необичен натпревар во влечење јаже при што победникот добива право на маиот, ненаселен остров. Бродови од секој остров се редат за да го „влечат“ Мрдуја на нивната страна од заливот. Но, за 16 години островот сè уште не се поместил, па организаторите организираат и квизови и игри на еден од поголемите бродови за да утврдат која страна ќе ја прогласи победата. Оваа година, западниот остров Шолта го доби денот, а со тоа и симболично сопствеништво на Мрдуја за следната година.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар