Loading Video...
Свет
25. July 2025 - 12:18

Преглед на вестите од светот

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера објави дека Франција официјално ќе ја признае државата Палестина за време на претстојната 80-та сесија на Генералното Собрание на Обединетите Нации  во септември.

„Итна потреба денес е да се стави крај на војната во Газа и да се спаси цивилното население напиша Макрон на мрежата Х. Тој ја нагласи потребата од итен прекин на огнот, ослободување на сите заложници и испорака на масовна хуманитарна помош за народот на газа.

Макрон ја нагласи пошироката визија зад признавањето Палестина од страна на Франција, велејќи: „мораме да ја изградиме државата Палестина, да ја обезбедиме нејзината одржливост и да обезбедиме дека со прифаќање на нејзината демилитаризација и целосно признавање на Израел, тоа ќе придонесе за безбедноста на сите на блискиот исток“.

Палестинската власт ја поздрави најавата на Макрон. Како одговор, Хамас истакна дека ова е „позитивен чекор во вистинската насока кон постигнување правда за нашиот угнетен палестински народ“.

Во меѓувреме, Израел остро одговори на најавата, а многу израелски претставници повикаа владата веднаш да преземе контрамерки. САД остро го критикуваа соопштението на Макрон нарекувајќи го овој потег невнимателен и штетен за мировните напори. 

Јорданската хашемитска добротворна организација, во соработка со светската централна кујна и светската програма за храна, во четврток (24 јули) испрати конвој со помош за Газа. Десетици луѓе умреа од глад во Газа во последните неколку недели, додека бранот глад ја зафаќа палестинската енклава, според локалните здравствени власти. Израел, кој ги прекина сите испораки за Газа од почетокот на март и ја отвори повторно со нови ограничувања во мај. 

На Кипар, пожарникарите веќе неколку дена по ред се борат за да го стават под контрола огромниот шумски пожар што ги зафати планинските села северно од градот Лимасол.  Две лица беа пронајдени мртви во нивниот автомобил, заробени од пожарот , а десетици домови беа уништени. Шест земји испраќаат помош, соопштија официјални лица.