Loading Video...
Свет
28. July 2025 - 12:24

Преглед на вестите од светот

Соединетите Американски Држави и Европската Унија постигнаа трговски договор, откако претседателот на САД Доналд Трамп имаше средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во едно од неговите голф-одморалишта во Шкотска. Трамп изјави дека договорот со ЕУ е „најголемиот договор што некогаш е направен" и дека ќе биде „одличен за автомобилите".

- Ова е договор меѓу двете најголеми економии во светот. Нашата трговска размена е 1,7 трилиони американски долари годишно. Заедно сме пазар од 800 милиони луѓе и ние претставуваме речиси 44 отсто од глобалниот БДП, рече Фон дер Лајен. 
Таа нагласи дека по Самитот на НАТО и договорот за поголеми инвестиции во одбраната, оваа спогодба претставува втор столб што го потврдува трансатлантското партнерство. 
Во случај да немаше договор и САД да воведоа 30 отсто царини од 1 август, ЕУ подготви контра-царини на стоки од САД во вредност од 93 милијарди евра .

Три лица загинаа, а има неколку тешко повредени кога патнички воз излета од шините во југозападна Германија во текот на вчерашниот ден. Во возот имало околу 100 лица кога два вагона излегле од шините помеѓу градовите Ридлинген и Мундеркинген, во близина на Штутгарт. Причината за несреќата е под истрага, се вели во полициското соопштение. Според Дојче Бан не е јасно што предизвикало возот да излета од шините.

Во ноќниот напад во Киев, повредени се осум жители со материјална штета врз станбени објекти. Инаку вчера за напади со дрон беше активирааа воздушната одбрана на украинскиот град Одеса, додека дел од населението уживаше во топлото време на плажите на Црното море. Некои од посетителите побараа засолниште, а единиците на воздушната одбрана отворија оган кон беспилотните летата. 

Шумските пожари во јужните области на Албанија и натаму создаваат сериозни проблеми за пожарникарите, а локалните власти ситуацијата ја проглеасија како сериозна. Бројката на пожари е околу 20 при што се уништени хектари борови шуми и пасишта. Силните ветрови и високите температури се наведуваат како фактори што придонесуваат за ширење на пожарите. На некои места е извршена и евакуација на населението.