Loading Video...
Свет
30. July 2025 - 12:27

Преглед на вестите од светот

Системот за предупредување од цунами на САД издаде предупредување за „опасни бранови од цунами“по веста за земјотресот, кој се случи во близина на градот Петропавловск-Камчатски, а цунами со висина од 3-4 метри (10-13 стапки) беше регистрирано во делови од Камчатка, изјави Сергеј Лебедев, регионален министер за вонредни ситуации.

Спасувачите во Хонолулу, Хаваи, ја исчистија плажата и издадена е наредба за евакуација. Исто така, постојат предупредувања за цунами за Јапонија, Западниот брег на САД и други земји од Пацификот.

Повеќе од 200 пожарникари се бореа да го локализираат пожарот во централна Шпанија во вторник, додека на жителите во градот Момбелтран им беше наредено да останат внатре поради чадот.

Авиони со водени бомби се борат против шумските пожар во градот Канделас, во португалскиот округ Арука, додека повеќе од илјада пожарникари беа распоредени за гаснење на три шумски пожари во северна Португалија. Локалните власти го ставија поголемиот дел од земјата во црвена тревога за пожари по неколку недели топло време.

Службата за цивилна заштита евакуираше неколку десетици селани од нивните домови и ги затвори живописните патеки на Пасадикос до Паива, популарна туристичка атракција.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот рок до Русија да ги прекине борбите во Украина или да се соочи со нови санкции ќе биде за 10 дена. Трамп - враќајќи се од Велика Британија во Вашингтон - веќе изјави дека го намалува претходниот ултиматум од 50 дена на помеѓу 10 и 12 дена, но неговите последни коментари укажуваат на очигледно цврст датум на крајот од следната недела.

Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, изјави дека ќе ја признае државата Палестина во септември доколку Израел не се согласи на прекин на огнот и не се движи кон мир. Стармер итно ги повика своите министри на состанок за да разговараат за план за траен мир во Газа, што би можело да доведе до признавање. Најава дека ќе ја признае палестинската државност беше објавена претходно од францускиот претседател Емануел Макрон.

Европската унија има намера, за првпат, да замрзне дел од средствата од пакетот наменет за Украина. Според ЕК, Киев заостанувал во спроведувањето на три реформи, што довело до замрзнување од приближно 1,5 милијарди евра на крајот на јуни. Мерката за замрзнување се уште треба да биде потврдена од сите 27 земји-членки на ЕУ.