Loading Video...
Македонија
31. July 2025 - 12:20

Преглед на вестите од светот

Најмалку две лица загинаа, а 52 се ранети по жестоките експлозии кои го потресоа украинскиот главен град Киев за време на рускиот воздушен напад соопштија локалните власти рано утрово.

Градскиот воен администратор Тимур Ткаченко рече дека бројот на жртви веројатно ќе се зголеми, додавајќи дека нападот предизвикал штета на повеќе од дваесетина локации. Спасувачките екипи бараат луѓе преживеани под урнатините. Нападот предизвика пожари и штета на повеќе локации низ Киев. На една од локациите во централниот округ Соломјански во Киев, жителите стоеја пред станбената зграда додека пожарникарите го гаснеа пожарот.

Руските сили во последните недели ги интензивираа нападите со беспилотни летала врз градови далеку од фронтовската линија од 1.000 км низ источна и јужна Украина. Двете страни негираат дека напаѓале цивили .

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се воведуваат дополнителни царини од 40 проценти за увоз од Бразил, што значи дека вкупните царини изнесуваат 50 проценти, објави Белата куќа.

Трамп пред три недели објави дека неговата администрација ќе воведе царина од 50 проценти за бразилските производи извезени во САД, почнувајќи од 1 август.

Специјалниот пратеник на американскиот претседател за Блискиот Исток, Стив Виткоф, денеска заминува за Израел за да разговара за следните чекори за решавање на ситуацијата во Појасот Газа, јавија американски медиуми, повикувајќи се на изјава од официјален претставник во Вашингтон.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува да бидат поставени центри за дистрибуција на храна за да се нахранат повеќе луѓе на периферијата на Газа, каде има масовно глад.