Преглед на вестите од светот
Борбата да се спречи гладта во Газа продолжува, но десетици Палестинци стоеја во долг ред пред импровизирана народна кујна во Кан Јунис со надеж дека ќе добијат порција ориз или леќа. Најчесто родителите се на првите позиции да стигнат до оброк за да ги нахрани децата од семејството. За некои од нив помошта останува недостапна. Бројката на починати од глад се зголеми за уште пет лица и сега изнесува 180, вклучувајќи 93 деца.
Медиумската канцеларија на владата во Газа, управувана од Хамас, соопшти дека во неделата повеќе од 600 камиони со помош пристигнале откако Израел ги ублажи ограничувањата кон крајот на јули. Сепак, сведоци и извори од Хамас рекоа дека многу од тие камиони биле ограбени од очајни раселени лица и вооружени банди.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави за време на вчерашната посета на линијата на фронтот дека украинските трупи се борат против разни странски „платеници“ во североисточна Украина и вети одговор. Тој претходно ја обвини Москва дека регрутира кинески борци за своите воени напори против Украина, обвинувања што Пекинг ги негираше, додека Северна Кореја, исто така, обезбеди илјадници свои војници. Русија не коментираше веднаш јавно за тврдењето на Зеленски.
Полската болница во областа Покровск во регионот Донецк беше принудена на преселба по напредувањето на руските трупи. Фронтот Покровск е најактивен во руската војна против Украина.
Обединетите Арапски Емирати се соочуваат со нагло зголемување на температурите ова лето, по најжешката пролет досега, при што температурите достигнаа речиси рекордни максимуми на почетокот на август, според податоците од Националниот метеоролошки центар.
Температурата во пустинскиот град Свеихан достигна 51,8 степени на 1 август, што е само малку пониско од највисоката температура на сите времиња во ОАЕ од 52,1 степени Целзиусови, која беше измерена во јули 2002 година, исто така во Свеихан.
Метеоролозите ги предупредија жителите да го ограничат изложувањето на сонце и да избегнуваат престој на отворено во најжешкиот дел од денот.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар