Loading Video...
Свет
6. August 2025 - 12:12

Преглед на вестите од светот

Специјалниот претставник на САД, Стивен Виткоф, пристигна утрово во Москва и беше пречекан од претставникот на Путин, Кирил Дмитриев. Виткоф ќе биде во Москва за да се сретне со руското раководство. Многу малку детали се познати за распоредот на Витков во главниот град на Русија. Службениците во Вашингтон дадоа малку детали за распоредот на Виткоф.

Претседателот, изјави дека специјалниот претставник ќе патува во Русија оваа недела, па тоа можеме да го потврдиме тоа од оваа говорница“, изјави портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус.

Претседателот на САД, му даде рок на рускиот претседател Владимир Путин, до овој петок да постигне напредок кон мир во Украина или ќе се соочи со построги санкции.

Голем број Палестинци беа повредени, а најмалку 20 лица биле убиени од израелски оган додека чекале камиони за помош на ОН во северниот дел на Појасот Газа во текот на вчерашниот ден. Повредените беа однесени во болницата Насер во Кан Јунис. Нападот се случил додека се обидувале да добијат помош од камионите за помош.

И покрај интензивниот меѓународен притисок за прекин на огнот за ублажување на гладот и ужасните услови во опколената палестинска енклава, напорите за посредување за примирје меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас пропаднаа. Уште осум лица починаа од глад или неухранетост во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство на Газа.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси ја осуди тековната војна на глад и геноцид“ во Појасот Газа, истовремено отфрлајќи ги обвинувањата дека Египет го спречува влезот на хуманитарна помош преку граничниот премин Рафах. Тој додаде дека војната одамна ја надминала секоја логика или оправдување и станала војна на глад и геноцид, како и средство за истребување на палестинското прашање“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел мора целосно да го порази Хамас во Појасот Газа за да обезбеди ослободување на заложниците. Според израелските медиуми, армијата би можела да оди дотаму што ќе го окупира целиот Појас Газа.

Воздухот не се движи“, изјави метеоролог од Шпанија, додека топлотниот бран ја погодува оваа држава. Локалното население и туристите во центарот на Мадрид одолеваат на високите температури од 39 степени. Првично се сметаше дека бранот ќе трае до недела, но прогнозите се дека ќе потрае и подолго со континуирани температури од 40 степени.