Преглед на вестите од светот
Американскиот претседател, Доналд Трамп, потврди дека пред средбата со рускиот претседател Владимир Путин, ќе разговара и со европските лидери и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој ги нарече европските лидери „одлични луѓе и одлични лидери“, но потврди дека се „уморни“ од војната и сакаат да се вратат на трошење пари за своите земји.
Трамп потпиша извршна наредба со која ќе се спречи воведувањето на високите американски царини за увоз на кинески стоки во следните 90 дена, изјави функционер на Белата куќа. Си-Ен-Би-Си објави дека извршната наредба е потпишана само неколку часа пред полноќ, кога требаше да истече рокот за воведување на гореспоменатите царини за Кина. Одложувањето беше очекуван исход од последната рунда разговори меѓу американските трговски преговарачи и нивните кинески колеги, што се одржа во Стокхолм кон крајот на минатиот месец.
Едно лице загина, две се водат за исчезнати, а десетици се повредени во силната експлозија во челичарницата во Клертон, град на околу 15 милји од Питсбург. Според локалните власти, експлозијата заробила луѓе под урнатините, поради што е започната итна операција за спасување. Причините за експлозијата се уште непознати, а истрагата е во те.
Во Црна Гора беснееше шумски пожар, кој ги загрози домовите и предизвика евакуации. Пожарникарите со над 20 возила, се обидуваат да го контролираат пожарот што веќе зафати некои куќи во Пипери близу Подгорица. Пожар има и во близина на одморалиштата Чањ и Буљарица и се приближи до сместувачките објекти.
Во Чањ, пожарникарите распоредија камиони со вода и противпожарен авион „Канадер“ ЦЛ-415, кој пристигна од соседна Хрватска, за да ги изгаснат пламените јазици што зафатија борови дрвја, грмушки и ниска вегетација и се доближија на неколку стотици метри од куќите.
Повеќе од 2.000 луѓе, вклучувајќи посетители на плажата, гости на одморалиштето и жители, беа евакуирани од Тарифа во близина на Кадиз додека пожарот продолжуваше да се ширеше, соопштија локалните власти.
Стотици жители беа евакуирани од своите домови поради шумски пожар во близина на центарот на северозападната турска покраина Чанаккале.
Бродови на крајбрежната стража беа активно вклучени спасуваат жителите во областите погодени од пожарот - 187 лица се спасени по море, додека 161 се евакуирани по копно. Авиони, хеликоптери, возила и околу 700 лица се борат со пожарите што беснееја низ шумските области во близина на Чанаккале, уништувајќи десетици домови и автомобили. Најголем проблем во гаснењето е втрот со брзина од над 60 км на час.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар