Loading Video...
Свет
14. August 2025 - 12:12

Преглед на вестите од светот

Во Нов Белград дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата во близина на седиштето на Српската напредна странка при што полицијата употреби солзавец и топовски истрели за да ги потисне стотиците демонстранти кои се движеа кон просториите. Граѓаните и студенти во блокада кои се движеа кон Парламентот и Пионирски парк беа запрени од српската жамдармерија кај Уставниот суд.

Кон луѓето кои протестираат од страна на насобраните кај Собранието, беа фрлани шишиња и пиротехника.

Во Нови Сад, членови и симпатизери на СНС повторно ги нападнаа учесниците на протестот со пиротехнички средства. Кон нив беа фрлани петарди и пиротехника.

Протести синоќа имаше во 30-на градови низ Србија поради нападот на поддржувачите на СНС што се случи синоќа во Врбас и во Бачка Паланка, кога кон демонстрантите беа фрлани пиротехнички средства и други предмети.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери, вклучувајќи го и украинскиот претседател Володимир Зеленски, додека се подготвува за самитот в петок со рускиот лидер Владимир Путин. Тој додаде дека сака да одржи „брз втор“ состанок со Путин и Зеленски по самитот во Алјаска.

Трамп, исто така, истакна дека ќе има „многу тешки последици“ за Русија ако Путин не се согласи да ја заврши војната. Сепак, претходно предупреди дека ќе воведе строги економски санкции ако нема напредок кон мировен договор.

Но, министерството за финансии на САД привремено ги укина некои санкции врз Русија, отворајќи го патот за планираната средба во Алјаска утре.

Група палестински деца и семејства од Газа заминаа од израелскиот аеродром Еилат-Рамон за Италија на медицински третман.

Со три авиони на италијанските воздухопловни сили 31 дете од палестински семејства, придружувано од родителите, заминаа од Израел до аеродромите Италија, каде ќе добијат здравствена заштита и специјализиран третман во разни медицински установи.

Италија досега прими 580 лица на медицински евакуации од Газа, вклучувајќи 181 пациент и 399 придружни лица.

Пожарникарите продолжуваат со надчовечките напори во борбата со пожарите во западен Пелопонез, додека шумскиот пожар зафати шуми, маслинови насади и индустриски области. Синоќа пожарот стигна и до урбаната област на Патра, третиот по големина град во Грција. Властите да ги повикаат жителите во предградијата на Патра да ги напуштат своите домови. За два дена во Грција изгореа околу 10.000 хектари, а во близина на Патра, приближно 2.000.

Пожарникарите во Црна Гора работеа на гаснење на пожар во близина на селото Косор, недалеку од Подгорица. Тие се обидуваа да го спречат ширењето на пожарот. Балканскиот регион е погоден од серија пожари по неколку недели високи температури и многу малку дожд, со силни ветрови што ги разгоруваат пламените јазици.