Преглед на вестите од светот
„Утре имаме состанок со претседателот Путин. Мислам дека ќе биде добар состанок. Но, поважниот состанок ќе биде вториот состанок што го имаме. Ќе имаме состанок со претседателот Путин, претседателот Зеленски, мене, а можеби ќе ги доведеме и некои од европските лидери. Можеби не. Не знам дали ќе биде многу важно. Ќе видиме што ќе се случи. И мислам дека претседателот Путин ќе склучи мир. Мислам дека претседателот Зеленски ќе склучи мир. Ќе видиме дали ќе се сложуваат. И ако можат, ќе биде одлично.“
И додека ја очекуваме средбата на форнтот се водат борби или ова е – 1.269. ден како се војува во Украина. Завојуваните страни Русија и Украина вчера разменија по 84 затвореници, Ослободените руски војници ќе бидат транспортирани во медицинските установи на руската војска за лекување и рехабилитација. Најновите размени на затвореници меѓу страните во конфликтот беа посредувани од Обединетите Арапски Емирати, според министерството.
Демонстранти ги демолираа просториите на Српската напредна странка во Нови Сад синоќа откако претходно организираа собир пред Безбедносната и информативна агенција (БИА) во градот.
Демонстрантите извикуваа слогани против српскиот претседател Александар Вучиќ и СНС и фрлаа камења кон просториите каде вчера имаше големи инциденти откако приврзаници на таа партија фрлаа со пиротехника кон луѓето кои протестираа. Центарот на Нови Сад беше блокиран за сообраќај.
И во Белград демонстрантите скандираат пароли против српскиот претседател Александар Вучиќ и полицијата.
Стотици студенти и граѓани го блокираа сообраќајот помеѓу зградите на српската влада и поранешниот Генералштаб, како дел од протестот . Претседателот на Србија изјави дека ќе мора да имаме поефикасен систем и поефикасна борба против бандити и насилници и верувам дека ќе успееме. Пред нас се големи реформи во полицијата и обвинителството“. Воедно повика на мир во Србија. Протести има и во над 20-на градови низ Србија. На протестите синоќа низ Србија повредени 42 полицајци, 37 луѓе приведени.
Во заедничка изјава над 100 невладини организации (НВО) ја осудија израелската влада за блокирање на нивните напори за доставување залихи во Газа. Во изјавата, исто така, се истакнува дека сегашната ситуација ги потврдила претходните загрижености на невладините организации, односно дека израелскиот систем за регистрација се користи како дополнителна алатка за блокирање на помошта, спречувајќи храна и лекови да влезат во Појасот Газа кога се соочува со глад.
Шпанската полиција соопшти уапсила маж во северната покраина Замора за палење пожар на парцела што се користи за нелегално фрлање ѓубре. Жешкото време предизвика пожарот брзо да се прошири, притоа изгорејќи 4.000 хектари и пет лица беа повредени.
Уапсен е уште еден маж за предизвикување шест пожари претходно во јужната покраина Малага. Во покраината Леон, втор пожарникар-волонтер почина во четврток и тој беше седмиот смртен случај поврзан со пожари оваа година во Шпанија.
Од 1.јуни уапсени се вкупно 10 лица за подметнување пожари.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар