Преглед на вестите од светот
Ескалираат протестите во Србија.
Демонстрантите синоќа го демолираа и запалија штабот на Српската напредна странка во Ваљево. Маскирани граѓани најпрво фрлаа камења, а потоа со пиротехника го запалија објектот. Пожарот беше ризичен затоа што штабот се наоѓа на приземје од станбена зграда, но набргу беше изгаснат. Насобраните граѓани беа лути, тврдејќи дека полицајци претепале 25 годишно момче од Ваљево во четвртокот. Српското МВР постојано ги негира обвинувањата за полициска бруталност.
Нередите се проширија и во другите градови. Тензично беше и во Белград каде полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите.
Во Србија од ноември лани секојдневно има протести, но тие беа мирни се до среда навечер, кога во судири беа повредени 27 полицајци и околу 80 цивили, а 47 лица беа приведени.
Илјадници Израелци го блокираа главниот пат кон Ерусалим. Протестите се организирани со цел да се притисне владата да обезбеди договор за ослободување на заложниците и да стави крај на војната во појасот Газа.
Полицијата насилно ги отстрануваше демонстрантите кои седеа на земја и ги прскаше со вода.
„Јас сум тука денеска затоа што ова е нашата последна шанса да ја запреме лудилото, да ја запреме војната, да ја спречиме владата да ги жртвува заложниците, да жртвува многу повеќе војници, да нè жртвува нас и палестинскиот народ за сопствени политички интереси. Јас сум тука затоа што мора да се залагаме за живот и мора да направиме сè што можеме за да го спречиме тоа“ - израелка
Според здравствените власти во Газа, досега се загинати над 60.000 Палестинци. Војната предизвика криза со глад, внатрешно раселување на поголемиот дел од населението на Газа и голем дел од енклавата ја остави во урнатини.
Три лица се убиени, а осум ранети откако повеќе вооружени лица пукале во ресторан во Њујорк. Според пишувата на локалните медиуми, Сè уште не се извршени апсења во врска со пукањето, ниту се идентификувани осомничени.
На самото место се пронајдени најмалку 36 чаури.
-
Мартин Арсов
Сите содржини од овој новинар