Преглед на вестите од светот
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека му е благодарен на кинескиот претседател Си Џинпинг, неговиот „драг пријател“, за топлиот прием што го доби за време на неговата посета на Кина.
„Нашата блиска комуникација ја одразува стратешката природа на односите Русија-Кина, кои се на невидено високо ниво“. Средбата е дел од серијата билатерални разговори одржани во пресрет на воената парада во Кина.
Денеска во Пекинг пристигна српскиот претседател Александар Вучиќ за да присуствува на настаните по повод 80-годишнината од победата на Кина против јапонската агресија и Светската антифашистичка војна, вклучувајќи ја и големата воена парада закажана за среда во Пекинг.
Меѓу гостите е и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кој со блиските соработници денеска во утринските часови ја премина границата со Кина со својот специјален воз. Најавено е присуство и на повеќе од 25 светски лидери.
Десетици илјади демонстранти тивко маршираа во Белград во понеделник за да ја одбележат смртта на 16 лица кои беа убиени кога се урна покривот на реновирана железничка станица, барајќи предвремени избори за кои се надеваат дека ќе го соборат претседателот Александар Вучиќ и неговата владејачка партија СНС.
Шеснаесет средношколци шетаа по плоштадот Савски плоштад држејќи по една бела роза додека се читаа имињата на жртвите. Протести се одржаа во неколку други градови, вклучувајќи ги Нови Сад, Крагуевац и Алексинац.
Аргентинската двојка Алдана Силвејра и Диего Ортега се крунисани за светски шампиони во категоријата Танго Салон на Фестивалот на светското превство во Танго. Двојката ја освои престижната титула по пет години натпреварување.
Во финалето, кое се одржа во преполниот театар Гран Рекс, учествуваа танчери од Аргентина, Колумбија, Русија, Јужна Кореја, Јапонија и Индонезија.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар