Loading Video...
Свет
4. September 2025 - 12:16

Преглед на вестите од светот

Најмалку 15 лица загинаа, а 18 беа повредени од кои пет се во тешка ситуација . Несреќата се случи во текот на вчерашниот ден кога вагонот на жичницата Глорија во Лисабон, кој е популарен кај туристите и е еден од симболите на градот, излета од шините и се урна. Меѓу загинатите има некои странски државјани.

Линијата, која е отворена во 1885 година, го поврзува центарот на Лисабон во близина на плоштадот Рестаурадорес со Баиро Алто (Горна четврт), позната по својот жив ноќен живот.

Линијата Глорија превезува околу 3 милиони луѓе годишно, според градското собрание.

Европските лидери во среда на социјалните мрежи изразија сочувство по смртоносната несреќа во жичницата во Лисабон, додека Владата на Португалија за денеска четврток прогласи ден на национална жалост.

На повеќе локации во Ерусалим, меѓу кои и резиденцијата на премиерот, пред Кнесетот, пред Националната библиотека и пред домот на министерот за стратешки работи во текот на вчерашниот ден се одржаа протести на кои демонстрантите бараа ослободување на сите 48 израелски граѓани, кои се во заложништво на Хамас.

Израелската полиција ги осуди инцидентите, при тоа истакнувајќи оти „правото на протест не дава право да се палат имоти, да се нанесуваат економски и здравствени штети на јавноста“.

Пожар во Калифорнија изгоре илјадници хектари во округот Туолумн, а пламените јазици брзо се ширеле. Се сомнева дека пожарот е предизвикан од гром.

Пожарот уништи десетици домови во и околу Кинески Камп, остаток од рударската заедница од ерата на Златната треска, првично населена од илјадници кинески работници во средината на 19 век.

Пламените јазици, исто така, изгореа две историски згради, но ја оставија црквата од 1854 година без оштетувања. Во гаснењето на пожарите учествуваат повеќе од 600 пожарникари.