Loading Video...
Свет
5. September 2025 - 12:21

Преглед на вестите од светот

Нов земјотрес денеска во Авганистан. Потресот бил со јачина од 5,4 степени по Рихтер го погоди југоисточен Авганистан, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки.

Земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер вчера го погоди југоисточен Авганистан, по серијата земјотреси што ја погодија централноазиската земја претходно оваа недела, при што загинаа повеќе од 2.200 луѓе, а повеќе од 3.600 беа повредени на истокот од земјата.

Неколку десетици илјади луѓе останаа без покрив над главата.

Првиот потрес, со јачина од 6 степени, ги погоди провинциите Кунар и Нангархар во неделата.

Хуманитарните организации предупредуваат на дополнителна опасност за населението поради недостиг на основни потреби како што се храна, засолниште и лекови.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски по средбата на Коалицијата на подготвените што се одржа во Париз изјави дека сите учесници се согласиле дека Русија ги отфрла сите иницијативи за мир.

францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека 26 земји се обврзале да учествуваат во обезбедување гаранции за Украина по копно, воздух или море, додека поддршката на САД за безбедносните гаранции ќе биде финализирана во наредните денови.

Работниците ги креваа остатоците од двата вагона на жичницата во Лисабон, откако излетаа од пругата и се удри во зграда при што загинаа 16 лица, а повредени се 22 лица.

Причината за несреќата е најверојатно што кабел што ги влечел вагоните се скинал, па вагонот со голема брзина влегол во кривина удирајќи во калдрмата и удирајќи во зграда. Во секој од вагоните може да се превезуваат околу 40 лица.