Прегледани 745 апликации на јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека ги финализира административните проверки на апликациите пристигнати по јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи категории домаќинства во 2025 година. Досега се пристигнати и првично прегледани вкупно 745 апликации од двете категории корисници.
За домаќинства со деца со попреченост, како што се наведува, пристигнати се 488 апликации, од кои 344 ја имаат доставено потребната документација, а 144 се одбиени по различни основи.
За згрижувачки семејства, пристигнати се 257 апликации, од кои 110 се со уредна документација, а 102 се одбиени.
- Комисијата која ја спроведува постапката веќе е во завршна фаза на разгледување и на останатите апликации, по што ќе следува дополнителна проверка на податоците со УЈП, Министерството за труд и социјална политика и ЕВН Хоум. Очекуваме во јуни 2025 година да бидат објавени конечните списоци за двете категории на домаќинства, по што ќе отпочне исплатата на субвенциите, се вели во соопштението.
Согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, секое домаќинство кое ги исполнува критериумите ќе добие субвенција од 1.000 денари месечно за покривање на дел од трошоците за електрична енергија, во траење од 12 месеци.
Оваа финансиска поддршка, како што се наведува, е дел од заложбата на Министерството за системска и правична помош за ранливите семејства, со јасно таргетирани мерки кои директно ги намалуваат енергетските трошоци на најзагрозените категории граѓани.
Ново на Сител
-
Папата Лав Четиринаесетти повика да се дозволи влез на хуманитарна помош во Појасот Газа
-
Приведен измамник од Велес, на интернет продавал наводно благословени предмети
-
Во МЕПСО им се барало мито на инвеститори, Мицкоски очекува наскоро да бидат обелоденети ваквите тврдења
-
Фрлил шише со запалива течност на влезна врата од казино во Чаир, пробал да го запали
-
Двајца основци од училиште кај Бит Пазар нападнале соученик со остар предмет
-
19-годишен возач со „БМВ“ удрил 81-годишен пешак во Тетово
-
Мицкоски: Не го знам името на новиот гувернер, ќе имам средба со претседателката
-
Каја Калас во петок во Скопје на средба со премиерот Мицкоски