Прекин во снабдувањето со електрична енергија во јужна Франција
Околу 160.000 домови во Кан и соседните општини од утрово немаат електрична енергија, откако синоќа изби пожар во електричната централа. Француската полицијата се сомнева дека пожарот е подметнат.
Се претпоставува дека пожарот во централата во општина Танерон е подметнат, но не постои поврзаност на инцидентот со одржувањето на Меѓународниот филмски фестивал што се одржува во Кан, изјави портпаролката на полицијата.
Операторот на француската електрична мрежа РТФ соопшти дека се работи на обнова на мрежата, но оти е непознато кога ќе завршат работите.
На Канскиот фестивал за вечерава е предвидено доделување на наградите. Фестивалската палата има сопствено напојување со електрична енергија поради што фестивалската програма ќе продолжи, но нема да има проекции на филмови, бидејќи кината се вон центарот на Кан.
Фестивалот во Кан се смета за најважен филмски фестивал во светот, заедно со фестивал во Венеција. Годинава 22 филма се натпреваруваат за главната награда Златна палма.
Ново на Сител
-
Алкалоид го пречекува АЕК во реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот куп
-
Најмногу дожд во Крива Паланка, Виница и Струмица
-
Приведен возач во Штип, возел со 2,10 промили алкохол во крвта
-
Муцунски на одбележување на 30-годишнината од Дејтонскиот договор
-
Во Северна Кореја уапсени три лица поради неуспешната промоција на воен брод
-
Илиоски ја одбрани титулата светски првак
-
Најмалку три лица загинаа во рускиот напад со дронови врз Киев
-
Облачно и свежо време со повремен дожд и северен ветер