Македонија
19. October 2026 - 12:24

Преку фестивал на смоларскиот костен промовирани природните богатства на подбеласичкиот регион

Преку фестивалот посветен на смоларскиот костен, Општина Ново Село го промовираше природното богатство, производите и туристичките потенцијали на подбеласичкиот регион.

Костенијадата и годинава привлече голем број посетители од сите краеви на државата, а своите производи ги претставија и домашните производители.

Од локалната самоуправа велат дека манифестацијата е многу  за развојот на туризмот и економијата, бидејќи отвора можности за промоција и продажба на производите од регионот.

Собирачите на костени велат дека годинава родот е квалитетен, но значително намален поради високите температури и сушното лето.

Според нив, костенијадата е можност за промоција и на костенот и регионот.

Покрај костените, на фестивалот беше претставен и костеновиот мед,  кој освен во струмичкиот регион може да се сретне само во уште неколку региони од државата.

Во рамки на фестивалот беа одржани и стручни предавања на тема здрава исхрана, костен и зачувување на природните ресурси.