-->
-->
Преку овие две апликации може да ви го шпионираат мобилниот телефон!
-->

Замислете дека некој може да ве шпионира преку мобилен телефон, кој можеби сега го држите во рака, а за тоа не сте ни свесни.
Една жена тврди дека токму тоа и се случило, па го пријавила својот поранешен сопруг дека во тајност на нејзиниот мобилен телефон инсталирал апликација со чија помош можел да ја следи.
Никогаш не знам дали тој ги гледа пораките кои ги праќам преку телефон или ги прислушкува моите телефонски разговори, рекла таа кога го пријавила нејзиниот поранешен сопруг.
Иако звучи страшно, истражувачот Брајан Хил, кој е специјализиран за подрачјето на дигитална форензика, објасни колку сето тоа едноставно може да се случи и тоа со само две апликации mSpy и FlexiSpy.
Апликациите се симнуваат преку официјални страници на нивниот производител и чинат околу осум долари месечно, а често се користат за „контрола‟ на децата или вработените. Доволно е да се искористи момент на невнимание на сопственикот на мобилниот телефон и да се инсталира една од овие апликации и да се има увид во активноста на телефонот, како и движењето на лицето.
FlexiSpy сепак е „корисна‟ апликација за прислушкување на телефонски разговори, но потребно е подолго време за нејзино инсталирање.
Двете компании потенцираат дека корисниците на апликациите, пред се поради законот, треба да користат надоградба само на телефони чии сопственици сакаат на пример „заштита‟ на сопствените деца, но јасно е дека многу корисници ја злоупотребуваат „предноста‟ на ваквите апликации, применувајќи ги на пример на „потенцијално неверни‟ партнери.
Интересно е и дека ниту една од овие апликации не може да се најде на познатата платформа за продажба Apple Store, ниту на Google Play.
Експертите за овој случај советуваат едноставно да внимавате вашиот телефон постојано да е со вас или да подесите шифра за влез во вашиот мобилен телефон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во првиот квартал потрошени речиси 2/3 од планираниот буџетски дефицит за цела година
-

Новиот закон за сајбер безбедноста ќе донесе поголема заштита за граѓаните и бизнисот
-

Укинувањето на Пржинската влада пред пратениците
-

Седница на работните групи за Изборниот законик
-

Мицкоски: Интензивно се работи на реформската агенда
-

Доживотен затвор за „касапот од Штип“
-

Продолжува трендот на зголемен интерес за стручните училишта
-

Прилеп започнува со решавање на хаосот на најкритичните крстосници
