Премногу гласни за нејзиниот вкус: Пукала врз своите гости затоа што станале премногу бучни

Американката Алана Анет Савел (32) пукала врз своите гости, бидејќи „станале премногу бучни и го злоупотребиле нејзиното гостопримство“.
Во овој инцидент, што се случил на Флорида, две лица биле повредени, но лекарите соопштиле дека нивните повреди не се опасни по животот.
Полицијата интервенирала и ја уапсиле воинствената домаќинка, која е задржана во притвор до судењето.
Гостите - жена и маж и момчето на домаќинката, претходно биле во еден локален бар, по што заминале на гости кај Савел.
Таа на полициското сослушување изјавила дека се било во ред додека гостите не станале премногу гласни за нејзиниот вкус.
Савел, прво побарала од дојденците да си заминат, а кога тие не ја послушале, ја зела својата пушка и почнала да пука.
Ранетите се погодени во нозете и во стапалата.
На полицијата подоцна им изјавиле дека домаќинката врз нив испукала „барем осум до девет куршуми“.
Момчето на уапсената девојка рекол дека таа е „премногу темпараментна“ и дека е „лесно избувлива“.
Во една друга прилика кога заедно биле на забава, Савел незадоволна од нешто извадила оружје и почнала да пука по подот.
- Ако нешто не и се допадне, таа почнува да пука во нозете на луѓето, изјавило момчето во полициската станица.
Нервозната домаќинка е обвинета за недозволена употреба на оружје и за закана за убиство.
Ново на Сител
-

Променливо облачно, попладне локално невреме со дожд, ветер и град
-

Обезбедувач извлечен жив од подрум на трговски центар осум дена по двата земјотреси во Венецуела
-

Приведени три лица поради подметнат пожар на багер во скопски Чаир
-

Се запали гнездо во Росоман, спасени мајката и трите штркчиња
-

Бројот на починати од ебола во ДР Конго надмина 400
-

Мицкоски: Порано пензиите се зголемуваа по 20 денари, а сега обезбедивме по 7.000 денари
-

Тошковски за случајот на врсничко насилство во Скопје: Кривични пријави за насилство за децата и нивните родители
-

Захарова: Никогаш во историјата Русија не го прекинала гасот за Европа
