Пресретната комуникација на Веља Невоља на „Sky“: Живи ќе ги гризам и ќе го јадам месото
Веља Невоља, кој е обвинет за организирање криминална група која уби најмалку седум лица, толку многу сакал да ги види мртви Лазар Вукиќевиќ и Александар Шарц што преку тајната апликација Скај им испратил порака на своите соработници „дека живи ќе ги џвака “.
Во пресретната комуникација истражителите откриле дека Беливук, познат како Веља Невоља, и неговиот најблизок соработник Марко Миљковиќ подготвувале ликвидација на Вукиќевиќ, чиј прекар на Скај бил Свен.
Еве дел од комуникацијата:
Беливук: Никогаш не правеле ништо освен шпионирање п**ки. Миљковиќ: Па, уште сега го прават тоа, клошари.
Милош Будимир: Само да ве прашам, ако фатиме еден од овие двајца, да им објасниме до крај што е тоа мачење.
Миљковиќ: Секако дека ќе ги стискаме до последна капка.
Милош Будимир: Ќе купиме факел и нова клешта и се што ни треба! Значи, ако треба пет дена да бидеме таму.
Беливук: Ветувам дека ќе биде измачуван како никој досега. Не ја изгубив волјата за мачење. Со задоволство ќе уживам во Свен и Дилинџер, згора на тоа, живи ќе ги гризам и ќе го јадам месото
Ново на Сител
-

Вучиќ поднесе оставка, пред крај помилува 49 лица поврзани со протестите
-

Протест во Скопје за поддршка на поранешните команданти на ОВК
-

Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Средновековната кула на Беласица ќе стане дел од туристичката понуда на Ново Село
-

Филмот „Македонецот“ потсетник на прогонството и заборавените траги на историјата
-

Делчево очекува деблокада на општинската сметка
-

Протести во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК
