Македонија
17. October 2026 - 16:43

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети

Дрога, оружје, пари и мачети – ова е досега пронајдено во голема акција на полицијата што веќе два дена се спроведува низ целата држава.

Според неофицијалните информации, спроведени се претреси на 40тина локации, а како што информираат од МВР, целта е разбивање на криминал повразан со дрога и оружје. Во акцијата, вклучени се повеќе тимови на полицијата – на терен се Одделот за криминалистичка полиција, секторите за внатрешни работи низ државата и единицата за службени кучиња-трагачи.

Според МВР, акцијата се уште трае, а нејзина цел била откривање и расветлување на криминални активности.

„Во тек е координарана полициска акција на Министерството за внатрешни работи, преку Одделот за криминалистичка полиција, во содејствто со секторите за внатрешни работи, на територијата на целата држава, насочена кон сузбивање на криминал поврзан со дрога и оружје“, велат од МВР.  

Во меѓувреме, со друга истрага, вчера и денеска, само во Скопје биле уапсени деветмина откако кај нив полицијата пронашла марихуана и бела прашкаста материја. Приведените се на возраст од 19 до 46 години.

Претходно, за пронаоѓање на недозволено оружје и дрога, МВР во соработка со ИНТЕРПОЛ во рамки на меѓународната акција тајгер икс на територија на државата пронајдени беа 27 парчиња оружје, 600 парчиња муниција и 10 минско-експлозивни средства.

Во акцијата биле контролирани и стотици лица и возила, а активностите како што велат од МВР, биле насочени кон откривање нелегално оружје и сузбивање на прекуграничниот криминал.