Претседателот на ДИК смета дека нема технички услови за организирани избори
Одржувањето на избори по здравстевните препораки за социјална дистанца од 2 местри и под маски ќе биде тешко да се изведе за брзо време, токму затоа е потребно да не се брза со датумот за избори. Ова е личното предупредување на првиот човек на Државната изборна Комисија Деркоски за тоа дали технички изборите би можеле да с еорганизираат за брзиот термин кој се споменува.
Според него, ваквите избори ќе чинат и повеќе пари, а ќе бараат и повеќе човечки ресурси, што вакви услови на економски последици од КОВИД 19 би било отежителна околност. За изборите на 12 април беа предивдени 7 милиони евра, од кои 4 милиони за реклами на партиите.
Борис Кондарко, член на ДИК смета дека работата на Комсијата е да ги спроведува изборите онака како што институциите и партиите ќе договорат.
Мислам не е добро кој било од нас во ДИК во оваа фаза од процесот постојано да нагаѓаме и да лицитираме со претпоставки и варијанти за натамошниот тек на настаните кои не зависат од ДИК, туку треба да оставиме на здравствените професионалци и другите надлежни објективно да ја проценат состојбата и во зависност од тоа надлежните да донесат соодветни протоколи и уредби, по што ние како ДИК заедно сите членови убеден сум дека можеме да го спроведеме и организираме професионално сето она што ке биде пропишано за натамошниот тек процесот и за самиот ден на гласањето.
Деркоски и Кондарко претходно имаат разични ставови терминот кога се можни избори. Првиот човек на ДИК смета дека изборните дејствија треба да продлжат да течат одново за ново распишаните избори и дека тоа ќе бара најмалку 55 дена. Кондарко пак, смета дека роковите треба да продолжат согласно подготовките за одложените избори од 12 април.
И поранешниот претседател на ДИК Новаковски смета дека роковите за избпорните дејствија треба да продлжат онаму каде што застанале пред прогласувањето на вонредната состојба. Смета и дека ДИК веќе треба да побара од Владата услови за техбнички да ги организира изборитње.
Секако ДИК ако продолжи со изборните дејствија,треба уште сега да бара од Владата,која е и со цел организирање избори, да се видат избирачките места, да се организираат уште сега, да имаат средства за повикување на граганите,објаснување на условите.Има многу работи кои требаше да бидат направени.Изборите и да се одржат во редовен термин требаше ова веќе да е завршено.Исто и за лицата кои не можат да пристапат до ибирачките места, вели Новаковски во интервју за прес 24.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
