Претседателот на МОК презадоволен од резултатите на ЛОИ во Токио
Денеска во спортската сала Јане Сандански се одржа прес конференција на МОК на која претседателот Даниел Димевски го изрази задоволството од постигнатите резултати на ЛОИ во Токио.
Во најдобро светло ја претставивме Македонија, бевме на ниво на секој настан на Олимпијадата. Бевме бројни, благодарност до сите учесници на залагањето. Имавме лични, национални рекорди, на крајот заокружено со среброто на теквондистот Дејан Георгиевски, најголемиот наш успех на едни Летни олимписки игри.
Таквиот негов резултат е плод на работа, уште од првиот ден кога се сретнав со Дејан најавив дека ќе прославиме медал од ЛОИ Токио 2020.
Македонскиот олимписки комитет ќе продолжи да стипендира идни наши врвни спортисти,со цел да се освојат повеќе медали на ЛОИ во Париз 2024г рече Димевски.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар