Претседателот на РКЕ, Бислимоски поднесе оставка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски денеска поднесе оставка.
Од РКЕ ја потврдија оставката на Бислимоски, но не соопштија детали околу причините за нејзиното поднесување.
Бислимоски ја извршување функцијата претседател на РКЕ скоро осум години.
Управата за финансиска полиција (УФП) пред две недели му поднесе кривична пријава на Бислимоски под сомнени за злоупотреба на службената положба и овластување. Бислимоски, според УФП, не постапил според Законот за енергетика и не ја одзел навреме лиценцата на компанијата „Тритерол петрол“ ДООЕЛ Скопје, иако не ги исполнувала условите за трговија со нафта и горива. Лиценцата требало да биде одземена во јануари 2024 година, но постапката била прекината со незаконско решение и лиценцата е одземена дури во април 2025 годин, што и овозможило на компанијата во тој период да оствари промет од над 3,15 милиони евра и противправна имотна корист од околу 229 илјади евра.
Бислимоски потоа на прес-конференција кажа дека ќе им ги стави на располагање сите информации на надлежните институции, со цел да докаже дека во постапката за одземање на лиценцата на компанијата не било направено никакво прекршување на законската регулатива.
МИА
Ново на Сител
-

Стартува ИНТЕРДЕЈ – струја ќе се купува по пазарни цени, истиот ден, а не ден претходно
-

Дигитализацијата и подмладокот предизвици за сметководствената професија
-

Колку државата вложува во талентираните ученици?
-

На Славјански универзитет издале диплома во 2016 година со Република Северна Македонија: Случајот пријавен во ЈО
-

На 9 мај „Нож и виљушка на европска чинија“, забава и дружење во Општина Центар
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Власта брза на избори
-

Преговори за бесплатен роаминг
