Претседателот Пендаровски почна консултации за законот за попис кој е во завршна фаза
Државниот завод за статитстика е подготвен да спроведе попис во април годинава, се чека само на законот кој треба да биде донесен веднаш по празниците. Со ваков став директорот на Заводот Симовски настапил пред шефот на државата Стево Пендаровски и министерот за правда Маричиќ на заедничката средба во вилата Водно. Симовски посочил дека неговата институција може да го спроведе методолошкиот и техничкиот дел од статистичката операција, информираат од кабиентот на Претседателот.
„Претседателот Пендаровски уште еднаш изрази очекување дека во новото законско решение ќе бидат вградени највисоките статистички стандарди на Еуростат со цел да се реализира валиден и кредибилен попис, како што соодветствува за една демократска држава“, велат од кај шефот на државата.
Пендаровски токму во своето новогодишно обраќање пред пратениците побара од власта да има слух за конструктивните барањата на опозицијата и во пописот да бидат почитувани сите меѓународни правила.
Премиерот Заев пак веќе неколкупати нагласи дека барањата на опозицијата само ќе го исполитизираат процесот кој треба да биде чисто статистичка операција.
Иако оние државјани кои живеат надвор од државата повеќе од 1 година во април ќе бидат попишани како нерезидентно населние, Заев уверува дека тие ќе го задржат своето право на глас на изборите како и досега.
До сега нашата дијаспора имаше право на глас, да гласа во дијаспората, каде што е или дома. Ако тие го искористат своето право и се пријават навреме според законот да гласаат во дијаспората, тогаш тие гласаат во дијаспората, ако не се регистрираат тогаш го имаат само првото право, дали е тоа да гласаат на избирачкото место во татковината. Значи процесот на попис воопшто нема да влијае на изборниот процес
Законот за попис е во завршна фаза од собраниската процедура. Во парламентот влезе по скратена постапка со европско знаменце, а во дводневната комисиска расправа беа одбиени сите амаднмани на опозицијата. Најавите се дека за гласање ќе биде ставен на седница на 18 јануари.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
