Македонија
18. March 2026 - 16:38

Превозот останува со иста цена, поскапеа маслото за јадење и јајцата

Превозот за сега по иста цена, во маркетите јајцата и маслото за јадење поскапи  од 5 до 10 отсто. Цените на билетите за меѓуградски и меѓународен сообраќај остануваат исти, велат превозниците. Товарот, односно загубите од зголемените цени на горивата, во следниве 2 до 3 месеци можат да го издржат. Но ако кризата потрае – неминовна ќе биде корекција на цените.

Професионалните транспортери пак, велат дека имаат годишни договори со фирмите од зоните со кои соработуваат. За евентуална корекција на цените  – ќе мора да поминат 2 до 3 месеци. Затоа бараат помош од државата - да им прати допис на земјите членки на Унијата, за да можат да вршат поврат на ДДВто и дел од акцизата.

-Ако не си членка во ЕУ мора да пратиш допис. Ние заради тоа писмо не враќаме ДДВ од земјите членки, а имаме право. Такаод горивото кое го точиме во Словениај на пример, ќе си вратиеме  ДДВ и ќе ги намалиме загубите, изјави Билјана Муратовска, Макамтранс.

Од финансии побарале и зголемување на дневницата за професионалните возочи. Ако сега им следува 50 отсто – истата да биде 100 %. Или пак, да бидат ослобедени од данокот на личен доход

-Ние добивме писмо од финансии дека ќе има финансиски импликации од буџетот. Апелираме уште еднаш да се разгледа ова наше барање. Не е поентатаа во цената на нафтата, туку да ги намалиме трошоци, за да немаме толкав скок на цените. Сега, 30 до 40 од капацитете не ни работат. Ако не успееме да си ги покриеме трошоците, нема да возиме, додава Муратовска.

Пазарниот инспекторат пак на терен – велат дека трговците го почитуваат она што го ветиле кај премиерот. Млекото, млечните производи месото и сувемеснатите – се продаат по стара цена. Скок има кај маслото за јадење и кај јајцата, затоа што им се зголемиле цените  на суровините за нив на светските берзи.

Литар масло од 96 сега се продава за 100 денари, а јајцата чинат од 7 до 15 денари поскапо. Од Пазарна најавуваат засилени контрили следниот период и секое отстапување ќе се санкционира.