При висок УВ-индекс да се избегнува престој на отворено - апелираат дерматолозите
Заштитата од сонце треба да е задолжителна во дневната рутина на пациентите, особено во услови на високи температури и зголемен УВ-индекс, повикаа денеска надлежните од Кумановската општа болница. Заштитата е неопходна за здравјето на најголемиот орган-кожата советува доктор Лилјана Пандиловска, дерматовенеролог од Општа болница Куманово, началник на одделот за дерматовенерологија.
Изгореници, алергиски реакции, инфекции, но и сериозни заболувања може да бидат последици од непочитување на основните правила за заштита. Летово зголемен е бројот на пациенти кои бараат совети и здравствена грижа за црвенило, чешање, појава на фоликулитис, бактериски инфекции, што често е резултат на комбинацијата на сонце, вода и неподготвена кожа.
-Пред сè, би апелирала до сите граѓани да не се изложуваат директно на сонце во периодот од 10 до 17 часот, кога УВ-индексот е највисок. Доколку мора да се излезе на отворено, потребно е да се заштити кожата со соодветна фотопротекција, односно креми со заштитен фактор (SPF). Овие препарати треба да се нанесуваат најмалку 20 до 30 минути пред излегување и да се обновуваат на секои два часа, особено по потење, капење или бришење со пешкир, изјави д-р Пандиловска.
Облеката во лето игра клучна улога во заштитата, треба да биде светла, лесна и од природни материјали, памук или лен, што пропуштаат воздух, но штитат од зрачење. Очите треба да се заштитени, важно е да се носи капа или шешир.
- Кај децата, особено кај бебињата, кожата е многу почувствителна и лесно може да се оштети. Тие во ниту еден случај не треба да се изложуваат на директна сончева светлина. Најдобро е да бидат во сенка, а кога се надвор, задолжително да носат заштитна облека, капчиња и да се користат фотопротективни препарати наменети за деца. Пожелно е и користење облека со вграден УВ-филтер, вели д-р Пандиловска.
Првична заштита при изгореници е нанесување ладни облоги, лекарите препорачуваат и користење креми за обнова на кожата. Но, доколку се појави црвенило, чешање, плускавци – задолжително да се консултира дерматолог.
– Кожата „памети“. Потемнувањето на кожата е знак дека меланоцитите веќе реагираат на зрачењето и е знак на траума. Затоа превенцијата е најважна. Кожата треба да се чува во текот на целата година, додава Пандиловска.
МИА
Ново на Сител
-
Почина Ози Озборн
-
Трамп објави трговски договор со Јапонија, вклучувајќи царини од 15 проценти
-
Руските сили го нападнаа Криви Рих, погодени неколку места, избувнаа пожари
-
Спречен уште еден обид за подметнување шумски пожар, вели Ангелов
-
Скопскиот водовод со намален притисок и прекини на вода, апел за рационално користење
-
Пет активни пожари утрово во земјата
-
Во Собранието амандманска расправа за законите за внатрешни работи и за полиција
-
Во Русија се блокирани повеќе од 50.000 веб-страници, соопшти руски министер