Приходите на аликацијата „Зум“ зголемени 3,5 пати
Популарната апликација за видеоврски, „Зум“ забележа скок на приходите и повеќе од двојно зголемена заработка во второто тримесчје. Проценките говорат дека тоа е поради корона-кризата што ја зголемила побарувачката за овој вид услуга.
Приходите на компанијата се зголемени за 355 отсто, на 663,5 милиони американски долари.
Акциите на „Зум“ вчера достигнаа рекордно високо ниво, затворајќи го тргувањето на 325,10 американски долари. Претходно оттаму предвидуваа годишни приходи од 1,78 до 1,80 милијарди долари, па тој параметар скокна до распонот 2,37 – 2,39 милијарди долари.
Клучот за успехот на „Зум“ лежи во привлекувањето повеќе високобуџетни корпоративни клиенти кои плаќаат за услугите, наспроти оние кои ги користат бесплатно. Според извештаите на компанијата, бројот на клиенти-компании коишто оствариле приход од над 100.000 американски долари лани – се зголемил двојно, на 988 во второто тримесечје годинава.
Ново на Сител
-

Се работи на долгорочно решение за плажите
-

Акција за поголемо учество на жените во локалното одлучување
-

Рециклирам значи постојам
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
