Пријателски дуел: Словенија – Македонија 1:0
По вчерашниот минимаплен пораз од Словенија во Копер, селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски се соочува со проблеми со повредени играчи во пресрет на контролниот натпревар против Бугарија во вторник во Скопје.
По заеднички договор меѓу селекторот на Македонија и стручниот штаб на Палермо, одлучено е предвреме во својот клуб да се врати Александар Трајковски, освен него, под знак прашалник за настап се и Пандев, Тричковски и Жута.
Горан Пандев беше заменет на полувремето поради добиен удар во главата, поради што е поштеден од денешниот тренинг. Иван Тричковски има контузија на градниот кош, а Леонард Жута дисторзија на скочниот зглоб. За сите тројца во наредните денови ќе се донесе одлука дали ќе бидат достапни за натпреварот против Бугарија.
Стручниот штаб на националниот тим дополнително ќе реши дали ќе повика некој друг фудбалер.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар