Притвор за 53-годишник осомничен за продажба на кокаин во Велес
Основното јавно обвинителство Велес отвори истражна постапка против 53-годишно лице, осомничено за нелегална продажба на наркотични дроги. Според обвинението, осомничениот на 29 ноември 2024 година неовластено продал речиси еден килограм кокаин на жител на Велес за договорена сума од 50.000 евра.
Како што соопштуваат од Основното јавно обвинителство, дел од средствата купувачот оставил на претходно договорена локација, пред да ја преземе дрогата. Кокаинот бил откриен при истрага и претрес во куќа на улицата „Петар Алчев“ во Велес, каде се утврдило дека бил преработуван во крек-форма, со помош на уште две лица.
- Против тие осомничени веќе е изречена првостепена осудителна пресуда, а со дополнителни дејствија се утврди идентитетот и на лицето кое првично ја продало дрогата, стои во соопштението од Обвинителство.
По предлог на јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Велес донел решение со кое на осомничениот му определил мерка притвор.
Ново на Сител
-
Жељазков бара извинување од Мицкоски, заострена реторика на односите Скопје - Софија
-
Висок ризик од пожари
-
Платите на административците во независните институции ќе се изедначат со останатите плати во јавниот сектор
-
Камен-темелник на нова фабрика на „Чагатај Кабло“, ќе се отворат 200 нови работни места
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Преглед на вестите од светот
-
Се одложи стартот за судењето за Онкологија
-
Турската компанија Чагатај Кабло отвора нов погон во Бунарџин