-->
-->
Притвор за лице од тетовско, му пронашле торба со марихуана
-->

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М.(23) од с.Селце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 20.12.2025 во дворот на Калето во село Селце, полициски службеници од CBP Тетово пронашле торба со марихуана.
По извршено вештачење било констатирано дека му припаѓа на А.М.. На 04.05.2026 во 09:00 часот на ул.„Ѓоце Стојчески“ во Тетово, тој бил лишен од слобода и бил изведен пред истражен судија кој му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.
Лицето било спроведено Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Бројните настани привлекуваат посетители
-

До септември ќе биде готов проектот за наколната населба и музејот на вода во Дојран
-

Преглед на вестите од светот
-

Изборниот законик влезе во собраниска процедура, СДСМ подготвува 10.000 амандмани
-

Ресорите поделени, имињата ќе се објавуват утре по ИК на ВМРО-ДПМНЕ
-

Измените на изборниот законик пред пратениците
-

Муцунски - Будрис: Продлабочување на соработката и подршка за европска интеграција
-

30 дена притвор за осомничениот за убиството на жената од село Таор
