-->
-->
Притвор за осомничениот за убиството на старицата од Струмица
-->

Дваесет и петгодишниот струмичанец П.И., кого ОЈО Струмица го сомничи дека е извршител на убиството на 83-годишната М.Б., доби триесетдневен притвор.
Според портпаролката на Основниот суд во Струмица, Мариета Дукиќ, мерката му ја одредил судија на претходна постапка од судот, кој го прифати предлогот на струмичкото Јавно обвинителство. Притворот му е одреден по член 123 од Кривичниот закон, став 2, точка 4 за кривично дело „убиство“.
Инаку, П.И. се сомничи дека на 20 јануари, откако побарал и не добил пари од М.Б. од Струмица, со која бил во роднинска врска, ја нападнал, а од здобиените повреди, таа починала.
Тој одзел пари и предмети од домот на М.Б., од кои дел биле пронајдени при претресот, извршен по наредба на ОЈО Струмица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски на одбележување на 150 години од Разловечкото востание
-

Како да се надмине јазот помеѓу мажите и жените на работните места
-

Струмица ја проширува гасоводната мрежа
-

„Клепало“ по две децении конечно пред отворање
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
