Македонија
18. October 2026 - 13:22

Приведен 18 годишен кумановец, при претрес во неговиот дом пронајдено е оружје

Синоќа во 19:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.Д. (18) од Куманово. При претрес во неговиот дом извршен по судска наредба биле пронајдени автоматска пушка, рамки од автоматска пушка со 44 куршуми, испукана чаура, рачно изработена направа поврзана со тајмер и батерија.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

МИА