Приведен 23-годишник од Битола, со употреба на сила одзел три чанти од различни минувачи
На 29.05.2025 во 17 часот на ул. „Прилепска “ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода С.С.(23) од Битола поради сомнение за сторени три кривични дела „разбојништвo” на подрачје на Битола. Имено, истиот ден во 15.20 часот С.С. на крстосницата од улиците „Мирка Гинова “, „Ѓорги Наумов” и „Солунска“ од А.В. (27) од Битола со употреба на сила одзел чанта.
Околу 15.30 часот на крстосницата од улиците „Партизанска” и „Македонска фаланга” кон село Кравари, С.С. од С.К.(56) од с.Кравари со употреба на сила одзел чанта, а потоа на ул. „Партизанска“ и од Л.М.(57) од Битола одзел чанта и ја турнал на земја.
Веднаш по добиените пријави, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници од СВР Битола и С.С. е лишен од слобода. По документирање на настаните, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз