-->
-->
Приведен 29 годишен кавадарчанец, управувал возило со 2.67 промили алкохол во крвта
-->
На 02.09.2025 во 00:35 часот на улица „Христо Ботев“’ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Д.С.(29) од Кавадарци.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.67 промили алкохол во крвта. Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОДИХР почнува со следење на локалните избори
-
УНИЦЕФ: „Незамисливото“ во градот Газа веќе се случува
-
Трамп најави разговори со Путин во блиска иднина
-
Судењето за „Штекли“ продолжува со сведочење на вешти лица за психолошката состојба на Раде Трајковски
-
Поранешниот американски претседател Џо Бајден опериран од рак на кожа
-
Стабилно и сончево време
-
Зеленски: Поканата на Путин значи дека тој не сака средба
-
СВР Тетово го расчисти случајот во кој беа нападнати двајца малолетници